Окрузи во Самоа
(Пренасочено од Административна поделба на Самоа)
Самоа е поделена на 11 окрузи (самоански: itūmālō) што постојат долго пред доаѓањето на Европејците. Тие се уредени според уставот, согласно традиционалниот првенствениот ред на подрачјата.
Секој округ има главно село кое претставува административен центар. Главниот град Апија е составен од 45 села со свои управи, и нема заедничка градска управа. Во земјата има вкупно 265 села.
Окрузи
уредиБр. | Округ | Админ. центар | Површина (км²) |
Население (2001) | ||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Уполу[1] | ||||||||||||||||||||||||
1 | Туамасага | Афега | 479 | 83.191 | ||||||||||||||||||||
2 | Ана | Леулумоега | 193 | 20.167 | ||||||||||||||||||||
3 | Аига-и-ле-Таи1) | Мулифануа | 27 | 4.508 | ||||||||||||||||||||
4 | Атуа2) | Луфилуфи | 413 | 21.168 | ||||||||||||||||||||
5 | Ва-о-Фоноти | Самамеа | 38 | 1.666 | ||||||||||||||||||||
Саваи | ||||||||||||||||||||||||
6 | Фасалелеага | Сафотулафаи | 266 | 12.949 | ||||||||||||||||||||
7 | Гагаемауга3) | Салеаула | 223 | 7.108 | ||||||||||||||||||||
8 | Гагаифомауга | Аопо | 365 | 4.770 | ||||||||||||||||||||
9 | Ваисигано | Асау | 178 | 6.643 | ||||||||||||||||||||
10 | Сатупаитеја | Сатупаитеја | 127 | 5.556 | ||||||||||||||||||||
11 | Палаули | Ваилоа | 523 | 8.984 | ||||||||||||||||||||
Самоа | Апија | 2.831 | 176.848 | |||||||||||||||||||||
1) вклучувајќи ги островите Маноно, Аполима и Нулопа | ||||||||||||||||||||||||
2) вклучувајќи ги островите од групата Алеипата и островот Нусафе | ||||||||||||||||||||||||
3) има помали делови и на Уполу (Саламуму и Леаува) |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ ги опфаќа и околните мали острови