Ваисигано
Ваисигано (самоански: Vaisigano) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.
Ваисигано | |
---|---|
округ | |
Сателитска снимка на крајниот дел на Саваи, административно дел од Ваисигано | |
Карта на Самоа со означен Ваисигано | |
Држава | Самоа |
Население (2016) | |
• Вкупно | 6.543 |
Час. појас | -11 |
Географија
уредиОкругот го зафаќа западниот крај на островот Саваи. Административен центар на округот е Асау.[1] На самоански округот се именува и како „Itu Asau“, односно „асауански округ“.
Вкупното население на округот, според пописот од 2006 година е 6.543 жители.
Во рамките на округот се наоѓа и резерват, заштитена област за желки, околу селото Ауала, како и резерват-прашума во Фалеалупо.
Во округот се наоѓа и селото Ваисала, роден крај на поглавицата Ваи Колоне, кој бил двапати премиер на Самоа во 1980-те. Колоне е и основан на моменталната владејачка партија на Самоа.
Ваисигано има силни врски со кланската титула Тонумаипеја на локално ниво, а на државно ниво со Туиана.[2]
Наводи
уреди- ↑ „An Account of Samoan History up to 1918 by Te'o Tuvale, Savai'i chapter, p.2“. Nzetc.org. Посетено на October 31, 2009.
- ↑ Democracy and custom in Sāmoa: an uneasy alliance by Asofou Soʻo, p.12. Посетено на October 31, 2009.