Маноно
Маноно (самоански: Manono) е остров во Самоа. Островот се наоѓа во протокот Аполима, помеѓу островите Саваи и Уполу. Островот се наоѓа на 3,4 км северозападно од Уполу. На островот има само 4 села со вкупно население од 889 жители според пописот од 2006 година.[1] Со брод од Уполу се стига за 20 минути.[2] Во непосредна близина се островчињара Аполима и Нулопа.
Сателитска снимка на Маноно, кој е пак веднаш до Уполу. | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 13°50′S 172°05′W / 13.833° ЈГШ; 172.083° ЗГД |
Површина | 3 км2 |
Држава | |
Демографија | |
Население | 889 (2006) |
Густина | 296 /km2 (767 /sq mi) |
Островот е дел од округот Аига-и-ле-Таи.[3]
Население
уредиОстровот има 889 жители според пописот од 2006 година, распроредени во 4 села:
Островот е трет по број на жители во државата. На островот нема патишта и сообраќај. Поради еколошки причини кучиња и коњи се забранети на островот. Во 1800-те години, Маноно бил упориште на методистичката црква во Самоа. На 21 септември 1859 година било одлучено да се создаде центар во Уполу, што пак денес резултира со Теолошкиот колеџ Пиула.[4]
Галерија
уреди-
Проток Аполима и островот Аполима.
-
Колиба на плажа
-
Дом за средба на островот
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Population and Housing Census Report 2006“ (PDF). Samoa Bureau of Statistics. July 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 July 2011. Посетено на 16 December 2009.
- ↑ Eriksen, Alanah May (21 January 2010). „Samoa back in business“. New Zealand Herald. Посетено на 28 June 2010.
- ↑ „Samoa Territorial Constituencies Act 1963“. Pacific Islands Legal Information Institute. Архивирано од изворникот на 5 June 2011. Посетено на 15 December 2009.
- ↑ Fairbairn-Dunlop, Peggy (2003). Samoan women: widening choices. University of the South Pacific. стр. 127. ISBN 982-02-0360-0. Посетено на 27 March 2010.