Фасалелеага (самоански: Faʻasaleleaga) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Саваи.

Фасалелеага
округ
Сателитска снимка на округот
Сателитска снимка на округот
Карта на Самоа со означен Фасалелеага
Карта на Самоа со означен Фасалелеага
Држава Самоа
Население (2016)
 • Вкупно13.566
Час. појас+13

Географија

уреди

Округот се наоѓа во источниот дел на Саваи. Традиционален центар на округот е Сафотулафаи, а најголемо место е гратчето Салелолога, кое е единственото гратче на островот. Според пописот од 2016 година округот има население од 13.566 жители. Сафотулафаи е избран за центар на округот бидејќи на тоа место било збирното место на кланот во регионот во минатото. Исто така, местото е родно место на движењето Мау а Пуле, движење против колонијалното управување.[1] Ова движење прераснало во национално Мау движење, кое се изборило за независност на Самоа во 1962 година. Салелопога е главниот трговски и транспортен центар на округот и островот. Има траектен пункт кој го поврзува Сува со Уполу. На 10 минути јужно од гратчето е аеродромот Маота.

Наводи

уреди
  1. [1], International Dictionary of Historic Places: Asia and Oceania by Trudy Ring, Robert M. Salkin, Paul E Schellinger, Sharon La Boda, p. 726

Поврзано

уреди

13°40′S 172°15′W / 13.667° ЈГШ; 172.250° ЗГД / -13.667; -172.250