Аполима
Аполима (самоански: Apolima) е остров во Самоа. Овој е најмалиот населен остров во државата и се наоѓа во протокот Аполима. Источно се наоѓа островот Уполу, а западно Саваи.
Поглед кон Аполима од Саваи | |
Географија | |
---|---|
Место | Тихи Океан |
Координати | 13°49′26″S 172°09′04″W / 13.824° ЈГШ; 172.151° ЗГД |
Држава | |
Демографија | |
Население | 75 (2006) |
Опис
уредиНа островот има само едно село, Аполима Таи, кое има население од само 75 луѓе според пописот од 2006 година.[1] Селото се наоѓа во внатрешноста на островот, во северниот дел.
Аполима е всушност кратер на мртов вулкан, кој достгнува 165 метри надморска висина. Островот има вкупна површина од скоро 1 километар квадратен. На островот се пристигнува само со брод. Може да се пристигне од северната страна.
На 2,4 километри северозападно се наоѓа островот Уполу, а на 7 километри се наоѓа Саваи. Веднаш до Аполима се наоѓа островот Маноно и ненаселениот Нулопа. Административно сите овие се дел од округот Аига-и-ле-Таи.[2]
Галерија
уреди-
Влез кон Аполима
-
Селото Аполима, 1890 - 1910 г.
-
Внатрешноста на островот, 1904
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Population and Housing Census Report 2006“ (PDF). Samoa Bureau of Statistics. July 2008. Архивирано од изворникот (PDF) на 21 July 2011. Посетено на 16 December 2009.
- ↑ „Samoa Territorial Constituencies Act 1963“. Pacific Islands Legal Information Institute. Архивирано од изворникот на 5 June 2011. Посетено на 16 December 2009.