Адвокатот со Линколн
Адвокатот со Линколн – американски филм, во режија на Бред Фурман. Главните улоги ги толкуваат: Метју Меконахи и Мариса Томеи.[1]
Содржина
уредиМајкл Халер, со прекар „Мик“, е итар адвокат од Лос Ангелес, кој работи од задното седиште на својот автомобил од марката „Линколн континентал“. Иако поголемиот дел од кариерата го поминал застапувајќи ситни криминалци, неочекувано добива голем случај, бранејќи го богатиот плејбој од Беверли Хилс, кој е обвинет за убиство.[1]