Автопат Арбер
Автопат Арбер (албански: Rruga e Arbërit) — автопат со еден коловоз што се гради меѓу Албанија и Македонија, а дел од автопатот бил привремено отворен во 2021 година. Планирано е автопатот да се протега по древна караванска рута што минувала низ источните висорамнини на Тирана долж SH61 и би требало да заврши кај сегашниот SH6 во областа Дебар.[1]
Автопат Арбер | |
---|---|
Rruga e Arbërit | |
Информации за правецот | |
Должина: | 170 км |
Поважни клучки | |
Од: | Албанија |
До: | Македонија |
Местоположба | |
Поважни градови: | Тирана, Дебар |
Во последната фаза, рутата Тирана–Булчица–Макеларе треба да стане добро развиен експресен пат со две ленти, кој ќе биде 100 километри пократок од старата далечна врска преку Милот. Иако биле достапни и нацрт-проекти за автопат, таквата градба била одбиена бидејќи релативно малата сообраќајна оптовареност нема да ги оправда високите трошоци. Неколку тунели и високи мостови претставуваат големи предизвици за градежниците.
Од една страна, 69-километарската рута го скратува времетраењето на патувањето меѓу Тирана и Дебар, како и Скопје, од друга страна, предвидено е да го поврзе македонскиот продажен пазар со Италија преку пристаништето Драч. Со првично планирани 160 милиони евра, вкупните трошоци надминале 250 милиони евра во 2018 година (околу 3,6 милиони евра по километар).[2]
Според првичниот проект, патот требало да биде во функција на крајот на 2013 година, но поради потешкотии со финансирањето и изградбата на тежок планински терен, патот сѐ уште не е завршен. Проектот е финансиран од кинеската држава, преку кинеската државна градежна компанија.
Историја
уредиАрбер е историско име за Албанците - Rruga e Arbërit во буквален превод значи улица на Албанците.
Rruga e Arbërit порано било името на караванската рута што го поврзувал Драч на Јадранското Море со планинската заднина на Дебар преку Тирана. Како и сегашниот проект, тој пат водел низ истите долини и преку истите превои. Караванската рута била главната врска со источна Албанија до 1930-тите. Во тоа време дури биле воспоставени автопатишта како врската Кроја-Бурел и продолжувањето кон Дебар. Сведоци на старите патишта се четирите наведени стари камени мостови.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Balkans.com Business News : Albania's tender for construction the part of Road of Arberit announced“. web.archive.org. 2011-07-17. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2022-04-06.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ migaaved. „Tërhiqen kinezët, oferta e tyre nuk pranohet nga qeveria – RRUGA E ARBERIT“ (албански). Посетено на 2022-04-06.
- ↑ Verlag von J. Engelhorns Nachfolgern in Stuttgart, Berlin 1927, S. 126 ff., 130.