Сообраќајот во Албанија

(Пренасочено од Сообраќај во Албанија)

Република Албанија по својата положба е балканска и средоземна земја. Меѓутоа заради бројни природни препреки (густи мочуришта во приморјето, високи планински венци во позадината) и долгата изолација во меѓународните односи, земјата била долго сообраќајно одвоена од соседните земји. Главниот град на земјата, Тирана, е средиштен сообраќаен јазол на земјата.

Железнички сообраќај

уреди
 
Патнички воз во Албанија

Вкупната должина на железничката мрежа во Албанија е само 447 km (2006 година) и целата е со стандардна ширина на колосекот. Во земјата постојат три железнички линии: Тирана – Драч, Валона – Рогозина – Драч – Скадар – граница со Црна Гора и Рогозина – Елбасан – Подградец.

Не постои градска железница.

Железничка врска со соседните земји:

  •   Косово – не
  •   Македонија – не
  •   Грција – не
  •   Црна Гора – да, само за товарен сообраќај

Патен сообраќај

уреди
 
Патната мрежа во Албанија во 2011 година

Вкупната патна мрежа во Албанија е 18.000 km (2002 година), од тоа 7.020 km со тврда подлога (бетон, асфалт).

По падот на комунизмот во 1991 година, Албанија почна да ја надградува својата примитивна патна инфраструктура со првиот магистрален пат Тирана - Драч. По 2000 година, патната инфраструктура е драсично подобрена и покрај недостатокот на фондови.

Денес Албанија има три автопати.

Воден сообраќај

уреди
 
Поглед на пристаништето во Драч

Развиен е морскиот и езерскиот сообраќај. Главни морски пристаништа се Драч, Валона и Саранда. Најпознато езерско пристаниште е Подградец на Охридското Езеро.

Гасоводи и нафтоводи

уреди

Гасовод: должината на гасоводот е 119 km (1996 година)
Нафтовод: должината на нафтоводот е 196 km (1996 година)

Воздушен сообраќај

уреди
 
Аеродромот во Тирана

Во Албанија официјално постојат 12 аеродроми (2002 година), од кои 4 со цврста подлога. Од нив само еден е со меѓународен карактер, меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана.