Авари (кавкаски Авари) (руски: аварцы) — најброен народ во Руската Република Дагестан, каде што сочинуваат околу 29% од населението (аварскиот јазик, како јазик за поширока комуникација, го користи уште еден дел од населението на Дагестан). Аварскиот јазик припаѓа на нахско-дагестанската група од семејството на севернокавкаски јазици. Аварите се од исламска вероисповед, а ги има вкупно околу 1.000.000, од кои околу 912.258 во Русија, 53.000 во Турција, околу 49.800 во Азербејџан и 1.206 во Казахстан.

Млада Аварка
Знамето на Аварите

Историја

уреди

Првобитните Авари биле народ со туркиско потекло од Средна Азија. Во 6 век, дел од Аварите се населиле во Источна Европа, каде што го основале Аварскиот Каганат во Панонската Низина. Панонските Авари (Карпатски Авари) биле само дел од аварскиот народ, чие мнозинство живеело во Хазарија на Кавказ, каде што се измешале со домородците од Кавказ. По падот на Хазарите, кавкаските Авари формирале моќен канат во 12. век. Покрај денешните Авари, потомци на кавкаските Авари се и Кабардинците (друг кавкаски народ), бидејќи Авар и Кабар биле две верзии на името на овој народ.

Поврзано

уреди