Астерфест

(Пренасочено од АСТЕРФЕСТ)

Астерфест е меѓународен филмски фестивал којшто започна да се одржува од 2005 година во Струмица. Фестивалот има натпреварувачки карактер. Програмските категории ги сочинуваат филмските селекции: „Астердокс“, „Глобална фикција“, „Анимоушн“, „Посвети“, „Мери-Дионс“ и др. На фестивалот се доделуваат наградите: Златна, Сребрена и Бронзена потковица, Наградата за најдобар автор „Ацо Алексов“, Наградата за најдобро сценарио „Ѓорѓи Абаџиев“, како и други специјални награди и пофалници за најдобри филмови.

Покрај овие награди, се доделуваат и почесната Награда за високи достигнувања во областа на филмот „Астер“ и други специјални награди. Досегашни гостински лауреати на Астерфест биле: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В'лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Жарко Радиќ, Лаила Пакалнина, Салаетин Билал, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Славко Штимац, Ларс Хенрик Гас, Карпо Година, Љупка Џундева, Боро Стјепановиќ, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Борис Каваца, Коле Ангеловски, Џеки Шепард, Данчо Чеврески, Ким Лонгиното, Пиро Милкани, Јан Качер, Желимир Жилник, Каталин Ладик...

Во официјалната конкуренција на фестивалот земаат учество професионални филмски автори и продукции од цел свет, а се прикажуваат претежно кусометражни (кратки играни и креативни документарни) авторски филмски содржини.

Фестивалот се одржува секоја година и е делумно поддржан од Општина Струмица.

Уметнички директор на Астерфест е основачот на фестивалот Горан Тренчовски.

Астерфест прерасна во значајна филмска манифестација од ваков тип не само во Македонија, туку и во балканскиот регион и пошироко.

Надворешни врски уреди