Џуџе е расказ на францускиот писател Марсел Еме. Расказот е објавен на македонски јазик во 2008 година (во состав на збирката раскази под наслов „Париски приказни“), од страна на издавачката куќа „Темплум“, а преводот од француски јазик е направен од Ружа Димишковска.

Содржина

уреди

На возраст од 35 години, џуџето од циркусот „Барнабум“ наеднаш пораснало. Сопственикот на циркусот, господинот Барнабум, им соопштува на членовите на циркуската трупа дека џуџето се разболело и дека се наоѓа во болница. Потоа, тој и џуџето (кое дознава дека се вика Валантен) одат во обиколка низ циркусот и џуџето слуша само најубави зборови за себе. Сепак, Валантен се чуди зошто сега, кога пораснал во убаво момче, никој не се интересира за него. Тој е очаен и сака да остане дел до циркускот. Почнува да учи разни циркуски вештини, но нема посебен успех за ниту една од нив. Еден ден, кога циркусот одржува претстава во Париз, Валантен седнува во публиката и ја гледа претставата. По нејзиното завршување, тој забележува дека веќе нема никаква желба да остане во циркусот.[1]

Наводи

уреди
  1. Марсел Еме, Париски приказни, Темплум, Скопје, 2008.