Џулијус Јего

кениски атлетичар

Џулијус Јего (роден на 4 јануари 1989 г.) е кениски атлетичар кој се натпреварува во дисциплината фрлање копје. Тој ги освоил златните медали во својата дисциплина на Сеафриканските игри во 2011 и на Африканското првенство во 2012 и 2014. На Светското првенство 2013 тој го освоил четвртото место, губејќи го бронзениот медал во последната серија. Во 2014, Јего станал првиот кенијец кој освоил златен медал во дисциплина во поле на Комонвелтски игри.

Џулијус Јего
Јего на Светското првенство 2015
Лични податоци
Роден(а)4 јануари 1989(1989-01-04)(35 г.)
Чептонон, Нанди, Кенија
Висина&100000000000001750000001,75 м
Тежина85 kg (187 lb)
Спорт
ЗемјаКенија Кенија
СпортАтлетика
ДисциплиниФрлање копје
ТренерПетери Пиронен[1]

На Светското првенство 2015 во Пекинг, тој го освоил златниот медал со префрелните 92.72 метри, резултат кој е трет најдобар на списокот на сите времиња, со што станал првиот кенијец со златен медал од Светските првенства во дисциплините во фрлање. Со овој резултат тој го подобрил претходниот рекорд на Африка, кој исто така бил во негова сопственост.

Меѓународни достигнувања уреди

Год Првенство Место Позиција Резултат
2010 Африканско првенство Најроби, Кенија 3. место 74.51 метри
Игри на Комонвелтот Њу Делхи, Индија 7. место 69.60 метри
2011 Сеафрикански игри Мапуто, Мозамбик 1. место 78.34 метри (ДР)
2012 Африканско првенство Порто Ново, Бенин 1. место 76.68 метри
Летни олимписки игри Лондон, Обединето Кралство 12. место 77.15 метри
2013 Светско првенство Москва, Русија 4. место 85.40 метри (ДР)
2014 Игри на Комонвелтот Глазгов, Обединето Кралство 1. место 83.87 метри
Африканско првенство Маракеш, Мароко 1. место 84.72 метри
2015 Светско првенство Пекинг, Кина 1. место 92.72 метри (АР)
  • ДР - Државен рекорд; АР - Африкански рекорд

Најдобар резултат по сезона уреди

  • 2009 - 74.00 метри
  • 2010 - 75.44 метри
  • 2011 - 78.34 метри
  • 2012 - 81.81 метри
  • 2013 - 85.40 метри
  • 2014 - 84.72 метри
  • 2015 - 92.72 метри

Наводи уреди

  1. Ланделис, Стив (18 September 2014). „Finnish advice is the secret to African javelin throwers' success“. Светска атлетска федерација. Посетено на 15 September 2014.

Надворешни врски уреди

Рекорди
Претходник
  Ихаб Ел-Сајед
Рекордер на Африка во фрлање копје
7 јуни 2015 – сè уште
На должноста