Џон Мекејн

(Пренасочено од Џон Меккејн)

Џон Сидни Мекејн Трети (англиски: John Sidney McCain III) или само Џон Мекејн (29 август 1936 - 25 август 2018) — сенатор на САД од Аризона и претседателски кандидат на Републиканската партија во Претседателските избори на САД во 2008 г.

Официјалниот портрер на Џон Мекејн од изборите 2008.

Мекејн завршил Воено-поморска академија во 1958. и станал морнарички пилот на воени авиони од носачи на авиони. Во текот на Виетнамската војна за малку ќе го загубел животот во пожар на носачот на авиони во 1967. Потоа, во октомври 1967 додека летал во мисија на бомбардирање над Ханој бил соборен, тешко ранет, а потоа и заробен од комунистичките сили во Виетнам. Бил задржан како воен заробеник сѐ до 1973. и бил подложуван на мачење, а повредите од војната му оставиле трајни физички оштетувања.

Се пензионирал од морнарицата како морнарички капетан (еквивалентно на полковник) во 1981., се преселил во Аризона и почнал да се занимава со политика. Бил избран во Претставничкиот дом на САД во 1982. во два мандати, а потоа во 1986. станал сенатор во Сенатот на САД, каде бил ре-избран и во 1992, 1998 и 2004.

Иако главно се придржува во своите политички ставови до конзервативизмот на својата Републиканска партија, сепак изградил репутација на борец со епизоди на несогласувања со својата партија.

Мекејн претседавал со Сенатскиот комитет за трговија, наука и транспорт, како и со други комитети и пот-комитети.

Во 2000 g. година загубил во обидот да стане кандидат на Републиканската партија за претседател на САД, кога за таа кандидатура победил Џорџ В. Буш. Во 2008. година ја освоил поддршката на партијата за кандидат за претседател на САД. Формално бил номиниран во септември 2008, кога и ја избрал за потпретседателски кандидат Сара Пејлин, гувернер од Алјаска.

Наводи

уреди