Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Џаспер Њутн „Џек“ Даниел (англиски: Jasper Newton "Jack" Daniel; Линчбург, 5 септември 1846 година — Линчбург, 10 октомври 1911 година) — американски производител на алкохолни пијалоци и основач на дестилеријата за виски Џек Даниелс.

Џек Даниелс, основачот на вискито Џек Даниелс

Животопис

уреди

Џаспер Њутн е роден како најмлад од десетте деца на Келавеј и Лусинда. Мајката и таткото на неговиот татко се доселиле во Америка кон крајот на XIX век. Неговиот дедо Џозеф „Џоб“ Даниел е роден во Велс, додека неговата баба Елизабет Келавеј е родена во Шкотска. Тој имал велшко, англиско, шкотско-ирско и ирско потекло.[1]

Според еден извор, тој се родил во јануари 1849 година.[1] Меѓутоа, корпорацијата Браун-Форман, сегашен производител на брендот Џек Даниелс, тврди дека е обичај да се слави неговиот роденден во септември.[2] Неговата мајка починала кратко по неговото раѓање, најверојатно поради компликации на породувањето. Во јуни 1851 година неговиот татко повторно се оженил и имал уште три деца со маќеата на Даниел, Матилда Вензант.

Компанијата која во моментов е сопственик на дестилеријата тврди дека започнала со работа во 1866 година.[2] Меѓутоа, во биографијата објавена во 2004 година со наслов Крв и виски: Живот и време на Џек Даниел, писателот Питер Крас тврди дека податоците за тоа земјиште и податоци од тапијата укажуваат дека дестилеријата не се отворила пред 1885 година.

Бидејќи Даниел никогаш не се оженил и немал деца, тој го зел неговиот омилен внук Лем Мотолоу како свој. Мотолоу бил надарен за работа со броеви и за кратко го водел целото книговодство за дестилерија.

 
Сефот на Џек Даниел

Даниел починал од труење на крвта во Линчбург во 1911 година. Инфекцијата, наводно, започнала кај неговиот палец, со кој го шутнал сефот, бесен бидејќи не можел да го отвори едно утро на работа затоа што често ги заборавал комбинациите. Неговите последни зборови биле „Уште еден пијалок, те молам“. Овој настан беше повод за маркетинг постер користен во лондонското метро во јануари 2006 година, на кој пишувало „Поука: Никогаш не одете на работа рано. „. Честа шега која се раскажува за време на посетата на дестилеријата е дека единственото нешто што му требало на Џек му требаше за да ја отстрани инфекцијата е малку од неговото виски.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Krass, P., Blood and Whiskey: The Life and Times of Jack Daniel, Wiley, April 29, 2004.
  2. 2,0 2,1 Jack Daniel's official website, Brown-Forman Corporation.

Надворешни врски

уреди