Џардино Армонико е италијански камерен оркестар специјализиран за изведба на рана музика, особено барокна музика.

Историја

уреди

Џардино Армонико, формиран во Милано во 1985 година и под диригентство на Џовани Антонини, денес е еден од најценетите и најбараните оркестри специјализирани за изведување на оригинални инструменти. Репертоарот на ансамблот, чиј број на членови варира од три до триесет музичари, во зависност од потребите на програмата, се фокусира пред сè на инструментална и вокална музика од седумнаесеттиот и осумнаесеттиот век.

Џардино Армонико е редовен гостин на големите меѓународни фестивали и има многу интензивна концертна активност во најважните театри и концертни сали ширум светот: Концертгебоу во Амстердам, Wigmore Hall и Barbican Center во Лондон, Musikverein во Виена, Théâtre des Champs-Élysées во Париз, Alte Oper во Франкфурт, Staatsoper Unter den Linden во Берлин, Филхармонијата во Санкт Петербург, театарот Бољшој во Москва, Palais des Beaux-Arts во Брисел, Oji Hall во Токио, Карнеги Хол во Њујорк, операта во Сиднеј и Театро Колон во Буенос Аирес, соработувајќи со меѓународно познати солисти како Чечилија Бартоли, Изабел Фауст, Катја и Мариел Лабек, Бернарда Финк, Магдалена Кожена, Викторија Мулова, Кристоф Коин, Џулијано Кармињола и многу други.

Џардино Армонико учествувал во бројни оперски продукции, вклучувајќи ги „Орфеј“ од К. Монтеверди, „Слугинка Господарка“ од Џ.Б. Перголези, „Отоне во вила“ од А. Вивалди и ГФ Хендел: „Агрипина“, „Воскресението“. „Триумфот на времето и разочарувањето“ и конечно „Јулиј Цезар во Египет“ со Чечилија Бартоли, кој постигна голем успех на фестивалот во Салцбург во 2012 година.

Долги години Џардино Армонико снимале исклучиво за Телдек Класикс, уживајќи голем успех кај јавноста и критиката и добивајќи бројни меѓународни награди за плочите со дела од Вивалди, Бах и други композитори од 18 век. Француската издавачка куќа Naïve ги објави „Куќата на ѓаволот“ (“La Casa del Diavolo”), концертите за виолончело од Вивалди, со Кристоф Коин како солист, а потоа и операта на Вивалди „Отон во вилата“, албум награден со Златен дијапазон (награда што ја доделува списанието Дијапазон) во 2011 година. Исто така и за англиската издавачка куќа Оникс ги снимиле Концертите за виолина од Вивалди со Викторија Мулова.

Во 2000 година, Џардино Армонико започна соработка со мецосопранот Чечилија Бартоли со снимање на албумот „Vivaldi“ за Дека Мјузик (Decca Music): успехот на овој албум беше признат и од престижните награди Греми.

Последователно, групата имаше ексклузивна соработка со Decca/L'Oiseau-Lyre, објавувајќи го со текот на годините целосниот Concerti Grossi op. VI од Хендл, „Il Pianto di Maria“ со мецосопранот Бернарда Финк, албумот „Sacrificium“ за нова соработка со Сесилија Бартоли, добивајќи платинест диск во Франција и Белгија. Исто така за Decca, неодамна беа објавени два албума со младата руска сопранистка Јулија Леженева: „Alleluia“ и „Händel in Italy“.

Фондацијата Јозеф Хајдн во Базел е создадена во корист на дваесетгодишниот проект „Хајдн2032“, за да го поддржи снимањето на плочи и концерти во различни европски метрополи со тематски програми фокусирани на воодушевувачкиот опус на композиторот. Во ноември 2014 година беше објавено првото ЦД со наслов „Страст“, а во мај 2015 година второто со наслов „Филозоф“ (издавачка куќа Alpha-Outhere (Алфа-Утре)). Во октомври 2015 година „Страст“ ја освои Echo Klassik, а „Филозоф“ беше „Шок на годината“ (награда што дискографската куќа Класика ја доделува секоја година).

Во октомври 2020 година, Џардино Армонико со виолинистката Патриција Копачинскаја го издадоа албумот What's next Vivaldi? од издавачката куќа Алфа класикс.

Дискографија

уреди
  • 1991 - Антонио Вивалди, камерни концерти (Нова ера, 6731)
  • 1991 - Божиќни концерти, музика од Корели, Манфредини, Торели, Вивалди (Телдек, 2292-46013-2)
  • 1991-1992 - Антонио Вивалди, Камерни концерти бр. 1, бр. 2, бр. 3, бр. 4 (Телдек, 9031-77040-2, 4 ЦД плочи)
  • 1992 - Корели, Барсанти, Џеминијани, Верачини, италијански сонати за рекордер (Нова ера, 6789)
  • 1993 - Антонио Вивалди, Концерти за лаута и мандолина, со Лука Пијанка, лаута (Телдек, 4509-91182-2)
  • 1993 - Антонио Вивалди, Морска бура, Ноќта, Лудоста и други познати камерни концерти (Телдек, 4509-91852-2)
  • 1994 - Камерна музика во Неапол, музика од Дуранте, Манчини, Сари, А. и Д. Скарлати (Teldec, 4509-93157-2)
  • 1994 - Антонио Вивалди, Четирите годишни времиња. Натпревар меѓу хармонијата и инвенцијата бр. 1 , со Енрико Онофри, виолина (Teldec, 4509-96158-2-4)
  • 1995 - Антонио Вивалди, Натпревар меѓу хармонијата и инвенцијата. бр. 2 со Енрико Онофри, виолина; (Телдек, 4509-94566-2)
  • 1995 - Антонио Вивалди, Протеус. Двојни и тројни концерти, со Кристоф Коин, виолончело (Телдек)
  • 1995 - Јохан Себастијан Бах, Бранденбуршки концерти (Teldec, 4509-98442-2, 2CD)
  • 1998 - Бибер. Битка - Лок. Невремето (Телдек, 3984-21464-2)
  • 1999 - Георг Фридрих Хендел, Агрипина, Армида, Лукреција (кантати), со Ева Меи, сопран (Телдек, 3984-24571-2)
  • 2000 - Музичко патување, музика од Монтеверди, Мерула, Кастело, Учелини, Спади, Роњони, Цима, Пичинини и Роси (Телдек, 8573-82536-2)
  • 2001 - Барокна музика, музика од Албинони, Марчело, Бах, Пахелбел, Парсел, Телеман и други (Teldec, 8573-85557-2)
  • 2003 - Хендл, Фукс и Вивалди, Глорија, со Џема Бертањоли и Лаура Керичи, сопрани; Соња Прина, алт; Ханс-Јирг Рикенбахер, тенор; Антонио Абете, бас; Виенскиот Камерен Хор (ORF Alte Musik, 8573-85557-2)
  • 2004 - Куќата на ѓаволот, музика од Бах, Глук, Локатели и Бокерини - со Енрико Онофри, виолина; Отавио Дантоне, чембало (Наив)
  • 2005 - Антонио Вивалди, Вивалди, со Викторија Мулова, виолина (Оникс)
  • 2007 – Антонио Вивалди, Концерти за виолончело I, со Кристоф Коин, виолончело (Наив)
  • 2008 – Антонио Вивалди, Концерти за виолончело II, со Кристоф Коин, виолончело (Наив)
  • 2009 - Георг Фридрих Хендел, Дванаесет Кончерти Гроси, оп.6 (Декка „L'Oiseaux Lyre“, 478-0319-5, 3CD)
  • 2009 година - Плачот на Марија - Тагувањето на Богородица, музика од Вивалди, Хендел, Марини, Монтеверди, Конти и Пизендел - со Бернарда Финк (Декка „L'Oiseaux Lyre“, 478-1466-5)
  • 2010 - Антонио Вивалди, „Отон во вила“, со Соња Прина, Јулија Лежнева, Вероника Канхеми, Роберта Инверници и Топи Лехтипу (Наив, 4984312, 2ЦД)
  • 2013 - Алелуја, со Јулија Лежнева (Дека, 478-5242-1)
  • 2014 - „Хајдн2032“ бр.1 - „Страст“ (La Passione) Alpha-Outhere
  • 2015 - „Хајдн2032“ бр. 2 - „Филозоф“ (Il Filosofo) Alpha-Outhere
  • 2015 година - „Хендл“ со Јулија Лежнева (Дека)
  • 2016 - „Хајдн2032“ бр. 3 – „Сам и замислен“ (Solo e pensoso)
  • 2016 година - „Змија и оган“ (Serpent & Firе) со Ана Прохаска
  • 2016 - Моцарт. Концерти за виолина, со Изабел Фауст
  • 2016 година - „Телеман“ (свита, соната, концерти) • (Амадеус)
  • 2017 - „Хајдн2032“ бр. 4 – „Расеаниот“ (Il Distratto)
  • 2019 година - Смртта на разумот
  • 2020 - „Хајдн2032“ бр. 8 - Роксолана
  • 2020 година - Вивалди. Концерти за флејта
  • 2020 година - Вивалди. What’s the next?, со Патриција Копачинскаја
  • 2020 година - Хајдн. Die Schöpfung („Создавањето“)
  • 2021 - „Хајдн2032“ бр.9 - „Збогум“ (L’Addio)

Со Сесилија Бартоли

  • 1999 година - Антонио Вивалди, Албум Вивалди. Оперски арии (Дека, 478-3388-8)
  • 2009 - Sacrificium, музика од Порпора, Калдара, Граун, Aраја, Лео и Винчи (Дека)
  • 2010 - Чечилија Бартоли. Воздишки (Дека, 478-2249-3, 2CD)
  • 2019 година - Фаринели

Збирки и антологии:

  • 1995 - Антонио Вивалди, Концерти за виолина и гудачки оркестар оп. 8 - Морската бура, Ловот, Задоволството (Телдек)
  • 1996 - Антонио Вивалди, Црвениот свештеник. Џардино Армонико го свират Вивалди; (Тeldec, 0630-15482-2)
  • 2002 година - Џардино Армонико - Портрет на уметникот (Телдек, 0927-48174-2)
  • 2009 - Италијанскиот инструментален барок (Нова ера, 232891, 2 ЦД-а)

Видео

уреди

Список на видео ДВД-а направени од групата.

  • Антонио Вивалди, Вива Вивалди, со Чечилија Бартоли, мецосопран; диригент Џ. Антонини (Артхаус Музик)
  • Џардино Армонико, музика од Кастело, Спади, Марини, Мерула и Вивалди (Arthouse Musik)
  • Италијанецот Бах во Виена . со Kaтја & Maриел Лабек; диригент Џ. Антонини (ТДК колекција)
  • Џардино Армонико Два. Француска барокна музика , музика од Рамо, Маре и Телеман (Артхаус Музик)
  • Хендел, Џулио Чезаре - Антонини/Бартоли/Шол/Видра/Јаруски, 2016 Дека

Поврзано

уреди

Други проекти

уреди

Надворешни врски

уреди