Џамијата Аљедин — џамија која се наоѓа на тврдината во градот Конија, Турција. Објектот служел како „Џамија на престолот“ за селџучките султани и го содржи династичкиот мавзолеј. Таа била изградена во неколку фази помеѓу средината на 12 и средината на 13 век. И цитаделата и џамијата го носат името на султанот Кајкубад I.

Основни податоци
МестоТурција Конија, Турција
Координати37°52′24.75″N 32°29′33.25″E / 37.8735417° СГШ; 32.4925694° ИГД / 37.8735417; 32.4925694
Припадностислам
МитрополијаКонија
ПодрачјеЦентрална Анадолија
Духовно-организациски статусџамија
Архитектонски опис
Архитектонски типMosque
Архитектонски стилИсламска и Селџучка архитектура
Завршен1235
Особености
Насоченост на фасадатасевер
Должина56 m
Ширина71 m
Минариња1

Џамија

уреди

Според типичната постапка на Селџуците, христијанската базилика која се наоѓала на местото била претворена во џамија по освојувањето на градот во 1080 година. Голем дел од градежниот материјал и архитектонскиот орнамент биле вклучени во подоцнежното реновирање, особено столбовите и капителите, поради кое биле зачувани византиските структури на објектот.

Доказите дека џамијата била градена произлегуваат од времето на Месуд I[1]. Според еден натпис, миниберот бил изграден во 1155 година и е првиот пример од таков вид за уметноста на Селџуците во Анадолија[2]. Полихромната керамичка рамка од михработ и куполата датираат исто така од овој период.

Кајкаус I започнал голема реконструкција на објектот во 1219 година. Тој го сменил главниот влез од запад кон север, спроти михработ. Тој додал монументална фасада на северната страна, со поглед кон градот. Во дворот била отворена мермерна гробница. Изградбата на Кајкаус била прекината со неговата смрт истата година, но потоа продолжила понатаму преку неговиот брат и наследник Кајкубад I. Кајкубад неколкупати ги изменил натписите на својот брат. Во 1235 тој додал голема просторија, поддржана од четириесет и два столбови, на исток од михработ.

Минарето, мермерскиот михраб (1891) и источната врата, преку кои повеќето посетители влегуваат во џамијата, датираат од отоманскиот период. Источното крило на џамијата, изградено со повторно употребувани византиски и хеленистички столбови, имаат единствена отвореност и просторност[3].

Султаните погребани во џамијата

уреди

Дворот на џамијата опфаќа две монументални мавзолеи или турбиња. Според натписот на фасадата, Килиџ Арслан II го изградил декедралниот гроб со конусен покрив[4]. Овој мавзолеј станал погребално место на династијата на Слџуците каде се наоѓаат и саркофазите на осум од султаните:

Наводи

уреди
  1. Konya, The Grove Encyclopedia of Islamic Art and Architecture, Vol.2, (Oxford University Press, 2009), 391.
  2. Scott Redford, The Alâeddin Mosque in Konya Reconsidered, Artibus Asiae, Vol. 51, No. 1/2, 1991:55
  3. Architecture, The Grove Encyclopedia of Islamic Art and Architecture, Vol.2, (Oxford University Press, 2009), 117.
  4. Scott Redford, The Alâeddin Mosque in Konya Reconsidered, 55.

Надворешни врски

уреди
  • „Alâeddin Mosque in Konya“. ArchNet. Архивирано од изворникот на 2006-02-18.
  • „Discovering Seljuk art in Konya“. Bilkent University. Архивирано од изворникот на 2012-02-06. Посетено на 5 September 2007.