Ќерамидница (Долно Орехово)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ќерамидница

Карта

Местоположба 41°3′51″N 21°33′42″E / 41.06417° СГШ; 21.56167° ИГД / 41.06417; 21.56167
Основни податоци
Место Долно Орехово
Општина Новаци
Тип

 населба


Период доцноантичко време
Портал „Археологија“

Ќерамидницаархеолошко наоѓалиште во битолското село Долно Орехово. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км северозападно од селото, на самата граница со сегашното акумулационо езеро. Овде, во 1977 и 1979 година, Заводот и музеј од Битола вршел заштитно сондажно истражување, при што биле откриени остатоци од објекти градени од камен и кал и дворно место поплочено со камени плочи. Од откриениот подвижен материјал значајни се бронзените монети од III и IV век и фрагментите од керамички садови со претстава на Изида Фортуна.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069