Љубуш (Драчево)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Љубуш“
| |
Местоположба | 41°56′12″N 21°31′18″E / 41.93667° СГШ; 21.52167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Драчево |
Општина | Кисела Вода |
Тип |
|
Период | старохристијанско време |
Портал „Археологија“ |
Љубуш — археолошко наоѓалиште кое се состои од старохристијански ротонди. На еден зарамнет врв во близината на утоката на Пеленица во Маркова Река, оддалечен 3 километри југозападно од селото Драчево, има остатоци од римско утврдување чии одбранбени ѕидови го опкружуваат целото плато големо околу 1,5 хектар. Откопани се темели од повеќе градби меѓу кои и темели од две цркви ‡ ротонди. Според Ф. Месеснел, едната имала пречник повеќе од 10 метри и под покриен со мозаик, организиран во повеќе правоаголни полиња. Од мотиви во полињата на мозаикот се присутни рибини лушпи, крстови, плетенки како бордури и раскошен кантарос од кој излегуваат бршленови ластари со лисја.[1]
Поврзано
уреди- Белчевица — некропола од римско време;
- Пинтија — старохристијански ротонди; и
- Тресалиште — осамен наод од доцноантичкото време.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |