Љубомир Лековиќ - Горски

Љубомир Лековиќ - Горски ( во Црна Гора19 август 1942 во Софија, Бугарија) — македонски и црногорски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Пред војната работел во Скопје како монополски службеник. Гледајќи ја суровата експлоатација на монополските работници и спроведувањето национална и политичка нерамноправност, се определил на страна на обесправените. Поради пројавената активност во монополот, бил примен за член на КПЈ. По капитулацијата на стара Југославија останал во Скопје, решен да се бори против фашистичките освојувачи. Во јуни 1941 година бил избран за член на Воената комисија. Како таков бил задолжен за организирање партизаноки одреди и диверзантски групи. Во летните месеци на 1941 година учествувал во повеќе собирни акции на оружје. По формирањето на Првиот скопски одред кон крајот на август, ги обучувал борците во ракување со оружје. Во летните месеци на 1941 година се формирал нов Покраински воен штаб, а токму Горски бил назначен за командир на одредот. Во една патролна акција што ја предводел во Скопска Црна Гора, убил еден окупаторски шумар. Поради тоа одредот се повлекол на друг терен. На 30 октомври 1941 година заминал в град да го извести Воениот штаб за акцијата и извршеното преместување на одредот. Меѓутоа, патем паднал во рацете на бугарскиот фашистички окупатор. На судскиот процес во април 1942 година, воениот суд го осудил на смрт со бесење. Казната била извршена во Софискиот затвор, на 19 август 1942 година.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 84. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

уреди