Љубовта нема правила (филм од 2003)
Љубовта нема правила (англиски: Something's Gotta Give) е американски филм од 2003 година, во режија на Ненси Меерс. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Дајан Китон, Кијану Ривс, Франсес Мекдорманд и Аманда Пит.
Содржина
уредиХари Санборн (го игра Николсон) е ерген кој излегува само со жени на возраст под 30 години. На својот романтичен викенд со Марина (ја игра Пит), во домот на нејзината мајка во Хамптонс, Хари добива болки во градите. Ерика (ја игра Китон), мајката на Марина, која е успешна и разведена писателка, се сложува со медицинската сестра дека треба заедно да му помогнат на Хари.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Љубовта нема правила“, Антена, број 876, 10.4.2015, стр. 17.