Јулијана Величковска
Јулијана Величковска (родена во 1982 година во Скопје) — македонска писателка, преведувачка и уредничка.
Јулијана Величковска | ||
Родена | Јулијана Величковска 1982 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | македонска писателка, преведувачка, уредничка. |
Животопис
уредиВеличковска дипломирала на катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Таа е основачка на издавачката куќа ПНВ Публикации.[1]
Творештво
уредиВеличковска е авторка на книгите:[1] монографијата „Дваесет години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ), поетската збирка „Комарци“ (2010, ПНВ) https://www.goodreads.com/book/show/1..., романот „Годишни времиња“ (2014, ПНВ Публикации) [2] и стихозбирката „Отворена книга“ [3] (2017, ПНВ Публикации)
Нејзиниот роман „Годишни времиња“ во април 2017 г. бил објавен и на бугарски јазик од издавачот „Ерго“ од Софија.
Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија, како и во две антологии на куси раскази, објавени во Македонија. Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]
Таа е членка на организацискиот одбор на поетската манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Член е на Друштвото на писатели на Македонија. Основач е на издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје. Соосновач е на Скопскиот поетски фестивал.
Јулијана Величковска има преведено околу 20 поетски збирки:
- „Ќерката на надреалистот“ од Кристиина Ехин, раскази (од англиски јазик) – ПНВ Публикации, 2012 г.
- „Мртво море меѓу нас“ од Жељко Миловиќ, поезија (од црногорски јазик) – ПНВ Публикации, 2013 г.
- „Со други очи“ од Одвиг Клив, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2013 г.
- „Никој не знае“ од Патрик Котер, поезија од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2014 г.
- „Талкање пред зори“ од Сејди Марфи и Илмар Лехтпере, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2014 г.
- „Единаесет ирски поети“ Избор од современата ирска поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2016 г.
- „Сплесканиот зајак“ од Бардур Оскарсон, илустрирана книга за деца (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2019 г.
- „Жалба до Музата“ од Џери Марфи, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2019 г.
- „Човекот што зборуваше змиски“ од Андрус Кивирахк, роман (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2019 г.
- „Дрвото“ од Бардур Оскарсон, илустрирана книга за деца (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2020 г.
- „Достава до дома“ од Сигурбјорг Прастардотир, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2020 г.
- „Бездомни песни“ од Илмар Лехтпере, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации, 2020 г.
- „Шумата почнува тука“ од Сергеј Тимофеев, поезија (од руски јазик) - ПНВ Публикации 2020 г.
- „Коронавирус хроники“ од Лаура Фиск, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2020 г.
- „Дождовниот мост“ од Дерек Махон, книга за деца (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2020 г.
- „Ерато“ од Дерин Рис-Џоунс, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „Каква полза има човек од тоа едно утро да се разбуди на оваа страна од новиот милениум“ од Ким Симонсен, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „Жолтата куќа“ од Вилијам Вол, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „Смртта е наследна“ од Ервин Јахиќ, поезија (од хрватски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „Слободата чекори гола“ од Марам ал-Масри, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „Боиште на зборови“ од Станко Крњиќ, поезија (од хрватски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
- „ВОСТОРГ - избор од современата ирска поезија / RAPTURE – A Selection of Contemporary Irish Poetry“, поезија (од англиски јазик) - ПНВ Публикации 2021 г.
Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици, меќу кои: англиски, италијански, германски, шпански, кинески, грчки, чешки, албански, турски и др.
Учествувала на бројни поетски читања низ Македонија и Европа:
- Струшки вечери на поезијата – 2009, 2010, 2011, 2012, 2013 и 2016 г.
- „Песнило“ – Младински културен центар – 2011 г.
- Cork Spring Literary Festival – Ирска, 2011 г.
- XV Биенале на млади уметници од Европа и Средоземјето во Рим, 2011 г.
- Бела ноќ – Скопје, 2013 г. и 2014 г.
- Астални проекции – Менада, 2014 г. и 2016 г.
- Денови на младата македонска проза - Софија, 2015 г.
- Барски летопис, самостојна книжевна вечер, Бар, 2015 г.
- СУР - Стих у регији, Загреб, 2015 г.
- Самостојна книжевна вечер во Американскиот универзитет во Благоевград, Бугарија, 2016 г.
- Софија: Поетики 2018 - Софија, Бугарија, 2018 г.
- 13. Меѓународен истанбулски фестивал за поезија и литература 2021 г.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 365.
- ↑ Годишни времиња.
- ↑ Отворена книга.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 281-284.