Јужноестонски јазик

дијалект кој се говори во југоисточна Естонија


Јужниот естонски јазик — група на дијалекти што се зборуваат во јужна Естонија и во мал процент во Русија. Терминот се користи за сите дијалекти во јужна Естонија ставајќи го под една закрила на естонскиот јазик. Јужниот естонски и стандардниот естонски јазик доста се разликуваат и не е можно да се разбере јужен естонски јазик ако само се знае естонскиот јазик. Во естонската дијалектологија, јужниот естонски јазик се вметнувал како дел од естонскиот јазик иако многу се разликуваат. Во 1980 се оформило движење за промоција на јужниот естонски јазик тврдејќи дека тој е посебен јазик со свој дијалектолошки систем.

Јужен естонски јазик
lõunaeesti kiil 
Изговор: лонаести кил
Зборуван во: Естонија Русија Летонија 
Регион: Северна Европа
Вкупно говорници:
Јазично семејство: уралски
 угрофински
  балтофински
   Јужен естонски јазик 
Писмо: Јужна естонска азбука
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: fiu
ISO 639-3: id=est est
Карта на распространетост на јужноестонскиот јазик