Јужен Вински Пат
Јужен Вински Пат (германски: Südliche Weinstraße, фалечки: Siedlischi Woischdrooß) — округ на југот од сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Германија. Се граничи со окрузите Југозападен Пфалц, Диркхајм, безокружниот град Нојштат, Рајна-Пфалц, Гермерсхајм и францускиот департман Долна Рајна. Округот го обиколува градот Ландау кој е окружно седиште, но не е дел од него.
Јужен Вински Пат Südliche Weinstraße | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Земја | Германија | ||
Покраина | Рајнска област-Пфалц | ||
Седиште | Ландау | ||
Површина | |||
• Вкупна | 639,89 км2 (24,706 ми2) | ||
Население (31 декември 2022)[1] | |||
• Вкупно | 112.631 | ||
• Густина | 1,8/км2 (4,6/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | SÜW | ||
Мреж. место | suedliche-weinstrasse.de |
Историја
уредиНа 27 мај 1832 г. во Хамбашкиот замок се одржал Хамбашкиот празник — настан кој важи за почеток на германската демократија. Округот е создаден во 1969 г. со соединување на дотогашните окрузи Ландау и Бергцаберн. Отпрвин го носел името Ландау-Бад Бергцаберн, но во 1978 г. е преименуван во Јужен Вински Пат.
Географија
уредиОкругот е наречен по Германскиот вински пат (Deutsche Weinstraße), кој е првиот туристички пат во Германија, изграден во 1930-тите. Почнува од Бокенхајм, минува низ Бад Диркхајм, Дајдесхајм, и по 85 километри завршува во Швајген-Рехтенбах близу Бад Бергцаберн).
Реката Лаутер образува дел од границата со Франција на југ.
Грб
уредиГрбот е многу сличен на оној од претходниот округ Ландау. Горе лево стои лавот на Изборното Кнежевство Пфалц. Белиот превез го симболизира Винскиот пат по кој е наречен округот. Долу десно има два грозда кои исто така се симбол на патот. Крстот е обележје на Шпајер, бидејќи Шпајерската епархија во минатото поседувала земја во округот. Круната по средината е преземена од грбот на округот Бад Бергцаберн и ги симболизира Трифелс и Анвајлер.
Градови и општини
уредиЗдружени општини | |||
---|---|---|---|
|
| ||
1седиште на здружената општина; 2град |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Општини во Германија по население на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Сојузна статистичка служба на Германија. 2023. (германски)
Надворешни врски
уреди- Јужен Вински Пат на Ризницата ?
- Матична страница (германски)