Јордан Петровски
Јордан Трајков Петровски ( 1925 во Ќустендил — 13 ноември 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Јордан Петровски | ||
Роден | 1925 година Ќустендил, Царство Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 13 ноември 1944 Скопје, Македонија | (возр. 18–19)
Животопис
уредиИзраснал во сиромашно работничко семејство. Неговите родители, по потекло Македонци од Ќустендил се преселиле во Куманово, каде го продолжил натамошното образование во кумановската гимназија. Се дружел и соработувал со напредната средношколска младина, под чие влијание станал голем симпатизер на НОВ. Во јули 1944 година со група напредни младинци заминал во НОВ и станал борец на Третата македонска ударна бригада. Бил распореден за пушкомитралезец во вториот баталјон. Учествувал во борбите во близина на Табановце, Ристовац и на други места. Бил учесник во борбите против Германците и балистите во околината на Треска и за ослободувањето на Велес. На 13 ноември 1944 година храбро загинал, во уличните борби за ослободувањето на Скопје.[1]