Јордан Ѓорчев (роден на 20 септември 1963 година во Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ) – основач на Меѓународен Славјански Универзитет – Свети Николе и Битола, претседател на Управен Одбор на МСУ.

Јордан Ѓорчев
Роден 20 септември 1963(1963-09-20)(60 г.)
Свети Николе, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец

Образование и кариера уреди

Во основно и средно образование ги цртал своите први карикатури и кратки стрипови и ги пишувал своите први песни кои се објавуваат во месниот весник, како и самостојна изложба на карикатури.

Во Скопје, завршил на правен факлутет, и во студенските денови црта карикатури и илустрации за повеќе дневници во Македонија.

Во тоа време има освоено и повеќе републички награди за карикатура и литература. По завршувањето на факултетот се вработува во републичката геодетска управа на Општина Свети Николе.

Магистрирал на тема од областа социјална психологија во Русија на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ и општествени и политички односи во Бугарија, а докторирал исто така на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ на тема од областа на економските теории.

Докторира по втор пат на Слободниот Универзитет "Черноризец Храбар" во Варна, Бугарија.

Од 2000-2005 година работи како Градоначалник на општина Свети Николе.

Во 2004 ја основа приватната високообразовна установа – Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” – Свети Николе. Денес работи како претседател на Управен Одбор на МСУ.

Интереси уреди

Во слободно време се занимава со сликарство, карикатура и пишува поезија и проза.

Има издадено збирка карикатури во 2007 година насловена „Мојот пат”, а неговите карикатури „Бизнис Борис“ редовно излегуваа во македонските весници. Има напишано и збирки поезија кои се објавени на македонски и руски јазик – „Еден, една, едно“, „Чекори еден ден осамен“ и „Здивот на волшебното огледало“. Има напишано збирка раскази „По 3000-та” кои беа објавувани во повеќе македонски весници.

„Најстариот човек во светот“ е најновиот роман во авторство на проф. д-р Јордан Ѓорчев. Романот бил побликуван секоја недела во „Битолски весник“ во продолженија. Има вкупно 100 продолженија кои сега може да ги прочитате споени во една книга.

На 21 април 2021 година бил промовиран романот „Господинот М“ во издание на официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета.[1]

Во 2016 година му била врачена наградата „Икар“ која ја доделува Здружението на Македонци за Северна Бачка со седиште во Сомбор, еминентната награда за книжевни остварувања од значење за македонската книжевност и култура му ја врачила на поетот, романсиер и карикатурист проф. д-р Јордан Ѓорчев. Признанието на Ѓорчев му било доделено за неговиот придонес во јакнењето и продлабочувањње на културните врски со Србија.[2]

Наводи уреди

  1. „Промовиран романот „Господинот М" од проф. д-р Јордан Ѓорчев“. Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. 2021-04-21. Посетено на 2022-10-27.
  2. Press, Istok. „Сомбор му ја врачи наградата „Икар" на Јордан Ѓорчев | Istok Press“. Посетено на 2022-10-27.