Јонче Шапкарев

македонски биолог и универзитетски професор

Јонче Шапкарев (17 септември 1926 во Велгошти2008) — македонски универзитетски професор и биолог.[1]

Јонче Шапкарев
Роден 17 септември 1926
Велгошти, Кралство Југославија
Починал 2008(2008-00-00) (возр. 81–82)
Националност Македонец
Занимање биолог, универзитетски професор

Животопис

уреди

Основно образование завршил во родното место, а со средно образование се стекнал во Охрид. Во 1947 година се запишал на групата биологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а дипломирал во 1951 година. До 1954 година бил вработен како асистент и ја вршел должноста директор на Хидробиолошкиот завод во Охрид.

Во 1956 година ја одбранил докторската дисертација, а во звањето доцент бил избран во 1958 година на Катедрата за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Држел настава по предметите: инвертебрата, анимална екологија, зоогеографија, органска еволуција и типологија на животните.

Автор или коавтор е на повеќе универзитетски учебници. Има објавено над 140 оригинални научни трудови.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шаревски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1646. Text "series " ignored (help)