Јовачко Езеро
Јовачко Езеро | |
---|---|
Јовачко Езеро | |
Вид | вештачко езеро |
Сливни земји | Србија |
Најг. ширина | 0,03-0,05 км |
Јовачко Eзеро или Езеро Јовац se наоѓа во селото Јовац, општина Владичин Хан. Настанало во 1977 година со ерозија на земја. Богато е со риба. Во него се влева Јовачка Река.
Ова езеро припаѓа во група која ја сочинуваат уште пет други езера кои настанале на ист начин. Овие шест езера се познати под заедничко име како „Јовачки езера“. На просторот на нивното настанување се наоѓало Јовачко свлечиште. Во ноќта помеѓу 17 и 18 февруари 1977 година, во околината на вулканските конуси (Грот и Облик) и планината Кукавица, тргнала лизгачка маса (карпи и земја) од 150 милиони m3. Во рамките на лизгачката маса настанале езерата Жилевје, Русимово, Црквено, Мало и Живково Езеро. Големото Јовачко Езеро настанало со преградување на Јовачка Река со лизгачката маса.
Јовачките Езера се редок генетски тип на езера, затоа се сместени на списокот на Инвентарот на геонаследството на Србија од 2005 година. Прогласени се за споменик на природата и ставени се под II степен на заштита. Оваа подрачје го одликува посебно значаен пронајдок на строго заштитен вид на долгоног мрморец (Trirurus karelinii) и блатна желкa (emysorbicularis), односно 12 видови на риби во езерата и Јовачка Река.[1]
Црквеното Езеро го добило името затоа што на местото на денешното езеро постоела црква, која пропаднала поради споменатата ерозија на земјата.
Во ова село постојат уште неколку езера:
- Средно Јовачко Езеро
- Доњи Јовац, најголемото езеро, долго е околу 200 метри и широко 30-50 метри.
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Црквено Езеро
-
Црквено Езеро
Литература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
- Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Природни потенцијали“. Opstina Vladicin Han.