Јован X Цариградски

Јован X ЦариградскиВселенски патријарх од 5 август 1198 до април мај 1206 година.

Јован бил член на семејството Камтерови, на кое припаѓала и Ефросина Дукина Каматерина, сопруга на Алексиј III (1195–1203). Образован човек, запознаен со класичната литература, реторика и филозофија, тој бил на серија на верски позиции стигнувајќи до позицијата на хартофилакс, позиција која ја имал во моментот кога бил избран за Вселенски патријарх.[1]

Во 1198–1200 тој разманил псима со папата Инокентиј III во врска со спорот за папоцентризмот и за филокве. Забележително е што тој го оспорил тврдењето за папоцентризмот засновано на Св. Петар, и тврдел дека потекнува од фактот што Рим бил стариот главен град на империјата.[2] Тој се замешал во бунтовите во Цариград против апсењето на банкарот Каломиди, и го оигурал неговото ослободување,[3] но за време на бунтот на Јован Комнин Дебелиот на 31 јули 1200 година се сокрил во креденец кога бунтовниците ја зазеле Аја Софија.

Јован останал во служба по смената на Алексиј III во јули 1203 година, и според западните извори, заедно тој и Алексиј IV, под закана на Четвртата крстоносна војна, го прифатиле папаоцентризмот истата година. По освојувањето на Цариград за време на Четвртата крстоносна војна во 1204 година, тој првично побегнал во Димотика во Тракија. Во 1206 година, Теодор I го поканил во Никеја, каде било воспоставено Никејското Царство, држава наследник на Византија, но Јован одбил, најверојатно зашто бил во поодмината возраст, и починал во април или мај истата година.[4]

Крстосносците поставиле свој латински патријарх во Цариград, додека пак Теодоредноставно создал нов византиски патријархат во Никеја, што подоцна ќе се префрли во Цариград со остатокот на империјата во 1261 година.

Наводи

уреди
  1. Kazhdan (1991), p. 1054
  2. Kazhdan (1991), pp. 1054–1055
  3. Kazhdan (1991), pp. 1055, 1096
  4. Kazhdan (1991), p. 1055

Извори

уреди
  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули
Претходник
Георгиј II
Цариградски патријарх
1198–1206
Наследник
Михаил IV