Јован Зафиров Стојковски ( 1906 во Сриовец, Кумановско1944 во Треска, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Јован Стојковски
Роден 1906 година
Сриовец, Куманово, Македонија под Отоманското Царство
Починал октомври, 1944 година
Треска, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното образование се занимавал со земјоделство. Неплодната земја како и примитивниот начин на нејзината обработка, не им обезбедувал дури ни скромни услови за живеење. Бил вклучен меѓу првите во селото, во помагањето на народноослободителното оружено востание против окупаторот. Во Народноослободителната борба стапил во 1943 година. Од формирањето на Треттата македонска ударна бригада учествувал во сите нејзини борби. Паралелно со ова се истакнал и во извршувањето на поединечни задачи. Така, успеал да зароби и двајца бугарски фашистички попицајци во Пелинце. Кон крајот на октомври 1944 година храбро загинал во борбите против Германците и балистите на реката Треска.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 264. На |first= му недостасува |last= (help)