Јоандри Орозко
Јоандри Хозе Орозко Цухија (роден на 19 март 1991)во Маракаибо) е венецуелски играч од средината на теренот. Тој во моментов игра за Волфсбург.
![]() | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 19 март 1991 | ||
Роден во | Маракаибо, Венецуела | ||
Висина | м | 1,64||
Позиција | Среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Депортиво Тахира | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
Маракаибо | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2007–2009 | Маракаибо | 23 | (2) |
2009-2011 | Зулиа | 41 | (11) |
2011–2013 | Волфсбург | 7 | (0) |
2013– | Депортиво Тахира | 55 | (14) |
Репрезентација ‡ | |||
2010- |
![]() | 17 | (1) |
† Учества (Голови). |
Клупска кариераУреди
Во ВенецуелаУреди
Орозко го направи своето професионално деби во 2007 година со тимот на Унион Атлетико Маракаибо, на возраст од 16 години, против Депортиво Анцоатеги. Во 2009 година потпиша со ФК Зулија, и од тој момент беше постојано присустен во сениорскиот тим. Во сезоната 2010-11 тој стана клучна фигура во првата постава на Зулијаните, постигнувајќи осум гола во првата половина од првенството.
ВолфсбургУреди
На 28 јануари 2011 година беше објавено дека Орозко ќе потпише четиригодишен договор со Волфсбург, во очекување на медицинските тестови и финасиските услови со Зулија. Тој стана третиот играч од Венецуела во Бундеслигата, по Хуан Аранго и Томас Ринкон по договорот што беше завршен на 31 јануари. Орозко стави потпис со кој се обврзува на верност кон клубот до 30 јуни 2015.