Јени џамија (Солун)
Јени џамија (грчки: Γενί Τζαμί, турски: Yeni Camii) — поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Солун, Егејска Македонија.
Поглед кон објектот | |
Основни податоци | |
Место | Солун, Егејска Македонија |
Припадност | ислам |
Епархија | Солун |
Митрополија | Солун |
Подрачје | Егејска Македонија |
Архитектонски опис | |
Архитект(и) | Виталијано Позели |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиска архитектура |
Завршен | 1902 |
Особености | |
Минариња | 1, разрушено |
Џамијата била изградена во 1902 година од страна на италијанскиот архитект Виталијано Позели по нарачка на Хаџи Мехмед Хајри-паша (од еврејско потекло). Џамијата служела како место за аџилак на Евреите кои го прифатиле исламот.
Таа се состои од два спрата и е изградена според архитектурата од XX век.
По протерувањето на Евреите во 1924 година во зградата бил сместен новоформираниот Археолошки музеј на Солун[1], додека тој се преселил во новата зграда на булевар "Стратос". Во моментов се користи како изложбен простор на Солунската општинска уметничка галерија.
Наводи
уреди- ↑ The Dönmeh: the Judeo-Islamic Mystery of Thessaloniki Архивирано на 13 октомври 2010 г., Albena Shkodrova, Balkan Travellers.com