Јелмарен
Јелмарен (швед. Hjälmaren) е езеро во Шведска, четврто по големина во земјата. Сместено е веднаш до езерото Меларен, и преку него истекува во Балтичкото Море, западно од градот Стокхолм. Со Стокхолм е поврзан со Јелмарскиот канал, долг 13 км.
Јелмарен Hjälmaren | |
---|---|
Координати | 59°15′N 15°45′E / 59.250° СГШ; 15.750° ИГД |
Сливни земји | Шведска |
Најг. должина | 58 км[1] км |
Најг. ширина | 18 км[1] км |
Површина | [1] км2 | 483 км2
Прос. длабочина | 6,2 м[1] м |
Најг. длабочина | 20 м[1] м |
Зафатнина | 3 км3[1] км3 |
Населени места | Еребру |
Наводи | [1] |
Се граничи со покраините Седерманланд, Нерке и Вестманланд.
Езерото е долго 63 км, широко околу 20 кми зафаќа површина од 485 км2. Просечната длабочина изнесува 6 м. На западниот крај на езерото се наоѓа градот Еребру.
На езерското крајбрежје се одржуваат големи музички настани со познати светски групи.
Во 1436 на мал остров во езерото е убиен востаничкиот водач Енгелбрект Енгелбректсон. Во негова чест, островот е наречен Енгелбректсхолмен („Енгелбректов Остров“).
Галерија
уреди-
Пошумен дел на брегот
-
Трскарник во плитакот
-
Траект за автомобили
-
Кај природниот парк Усет
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Водостој на Јелмарен“ (PDF). SMHI. 2001. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-29. Посетено на 3 јануари 2009. (шведски)
„Јелмарен“ на Ризницата ? |