Јахорина (скијачки центар)
Скијачкиот центар Јахорина (српски: Ски центар Јахорина), официјално наречен Олимписки центар Јахорина, е планинско одморалиште и најголемо и најпопуларно одморалиште за зимски туризам во Босна и Херцеговина. Скијачкиот центар се наоѓа на падините на планината Јахорина во Динаридите. Се наоѓа на 15 км од општина Пале во ентитетот Република Српска и на 30 км од меѓународниот аеродром во Сараево. Во скијачкиот центар Јахорина се одржувале натпреварите во алпско скијање за време на Зимските олимписки игри 1984 година.
Олимписки центар Јахорина | |
---|---|
Скијачки центар Јахорина | |
Место | Планина Јахорина, Динариди |
Најблизок град | Пале, Република Српска, Босна и Херцеговина |
Координати | 43°44′12″N 18°33′59″E / 43.73667° СГШ; 18.56639° ИГД |
Вкупен спуст | 616 м (2,021 ст) |
Надм. вис. (најгоре) | 1,916 м (6,286 ст) |
Надм. вис. (најдолу) | 1,300 м (4,300 ст) |
Скијачка површина | 40 kм (130,000 ст) |
Најдолга патека | 2 kм (6,561 ст 8 ин) |
Жичници | 11 вкупно |
Носивост на жичниците | 13,000/час |
Снежни врнежи | 175 дена |
Снежен топ | Да |
Ноќно скијање | Да |
Портал | oc-jahorina.com/en/ |
Историја
уредиПрвите пишани документи за скијање на планината Јахорина се забележани кон крајот на 19 век за време на Австроунгарското владеење.[1] Организираниот туризам на Јахорина започнал во 1923 година, кога бил основан скијачкиот центар. Помеѓу Првата и Втората светска војна, на Јахорина биле изградени ски скокалници и планинарски дом. Првиот југословенски скијачки митинг се одржал на Јахорина во 1937 година.
На скијачкиот центар Јахорина се одржале натпреварите во алпско скијање во женска конкуренција за време на Зимските олимписки игри 1984 година, кои се одржале од 8 до 19 февруари 1984 година во Сараево, СФР Југославија.[2] Од 1984 година, скијачкиот центар Јахорина го носи официјалното име „Олимписки центар Јахорина“.
Скијачкиот центар Јахорина е најголемиот и најпопуларен ски центар во Босна и Херцеговина. Освен алпско скијање, сноубординг, планинарење и санкање, местото нуди можност и за други спортски активности на отворено.[3] Нордиските скијачки патеки, патеките за крос-кантри и разните други спортски објекти нудат дополнителни можности за спортистите и туристите.[3] Со поставувањето на рефлектори овозможено е и ноќно скијање на скијачката патека Пољице. Во 2018 година, скијачкиот центар го посетиле 185.000 туристи, најголем број по 1980-тите.[3]
Скијакиот центар Јахорина бил еден од местата каде што во февруари 2019 се одржал Европскиот младински олимписки зимски фестивал.[4]
Галерија
уреди-
Базата на скијачкиот центар Јахорина
-
Жичара на Јахорина
-
Поглед кон скијачкиот центар Јахорина
-
Ски лифтови на Јахорина
-
Жичарница
-
Скијачкиот лифт на Јахорина кон центарот на скијачкиот центар
-
Поглед од жичарницата
-
Поглед на скијачката патека
-
Скијачкиот центар Јахорина
-
Скијачки центар Јахорина
-
Скијачки центар Јахорина
-
Поглед кон базата на скијачкиот центар од скијачката патека
-
Зимска куќа на Јахорина по лавина
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Pivljanin, Ranko (25 February 2018). „Pre skoro sto godina, Jahorina je ugostila prve skijaše, a sada ova planinska lepotica dobija novo lice“. blic.rs (српски). Посетено на 30 December 2018.
- ↑ „Final Report Sarajevo '84“. la84.org. Посетено на 30 December 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Crnjak, Marija (6 December 2018). „Jahorina se vraća na svjetsku ski scenu“. poslovni.hr (хрватски). Посетено на 30 December 2018.
- ↑ Papaz, Stefan (26 November 2018). „EYOF stigao pred vrata“. oslobodjenje.ba. Посетено на 4 January 2019. Занемарен непознатиот параметар
|langauge=
(се препорачува|language=
) (help)
Надворешни врски
уреди- Скијачки центар Јахорина на skiresort.info