Јахорина
Јахорина – планина во општината Пале во Република Српска, БиХ, која му припаѓа на Динарскиот планински систем. Највисокиот на Јахорина е Огорелица [1] со 1916 m надморска висина. Во лето е прекриена со густа зелена трева, а во зима со снег висок и до 3 m. Јахорина се простира од 43°39' до 43°47' северна географска ширина, и од 18°31' до 18°43' источна географска должина.
Јахорина | |
---|---|
![]() Панорама на Јахорина со мноштво планински куќички | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.916 м |
Географија | |
Место | Република Српска, БиХ |
Матичен венец | Динарски планински систем |
Координати: 43°43′36″N 18°34′37″E / 43.72667° СГШ; 18.57694° ИГД
Ски-центарУреди
Олимписки ски-центар Јахорина | |
---|---|
Место | Република Српска |
Најблизок град | Пале |
Вкупен спуст | 616 m |
Надм. вис. (најгоре) | 1.916 m |
Надм. вис. (најдолу) | 1.300 m |
Скијачка површина | 30 km |
Патеки | 10 (лесни 2, средни 6, тешки 2) |
Најдолга патека | 2 km олимписки спуст |
Жичници | 10 total 1 гондола, 3 брзи седешници за 6 лица, 2 седешници за 2 лица, 3 ски-лифта 1 детски ски-лифт) |
Носивост на жичниците | 10.000/час |
Снежен топ | 46 топа |
Портал | oc-jahorina.com |
Извонредната конфигурација на теренот, обилноста на многу квалитетен снег, погодната клима, 20 km патеки за алпски дисциплини како и благите падини (Рајска долина) ја наредија оваа планина меѓу најубавите и најпознати ски-центри.
Просечниот број на денови со снежен покривач на Јахорина е 175, и тоа од октомври до крајот на мај. Десетгодишниот просек на висина на снежниот покривач во февруари изнесува 106 cm.
На XIV Зимски олимписки игри во Сараево, на Јахорина се одржани алпските дисциплини за жени.
Од Сараево, Јахорина е оддалечена 30 km, а од Пале 15 km.
Потекло на иметоУреди
Јаворина е оригиналниот назив на планината Јахорина. Името го добила по планинскиот јавор (лат. acer heldreichii), оваа планина е најсеверно место каде што истиот егзистира. Огромните стебла на јавор се природна атракција.
Името Јахорина се востановило за време на турското ропство кога буквата В е често менувана во Х. Денес во источно Сараево постои здружение на граѓани како што се женскиот хор Јаворина и планинарското друштво Јаворина во Пале, што зборува за свесноста за оваа состојба.
НаводиУреди
- ↑ „Jahorina - bijela ljepotica“. Архивирано од изворникот на 2015-08-13. Посетено на 2016-04-04.
„Јахорина“ на Ризницата ? |