Француски Камерун

Француски Камерун (француски: Cameroun) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Екваторска Африка во периодот од 1918 до 1960 година, под мандат на Лигата на народите. Земјата е наследник на денешен Камерун.

Cameroun
Мандат на Друштво на народите

1918–1960
Химна
O Cameroon, Cradle of Our Forefathers
Главен град Yaoundé
Јазици француски
Вероисповед хрустијанство, ислам
Уредување Мандат на Друштво на народите
Историски период 20th century
 -  Поделба на Камерун 20 јули 1920
 -  Независност 1 октомври 1960
Валута француски франк

Историја уреди

Преглед уреди

 
Камерун 1901–1972
  Француски Камерун

Територијата на денешен Камерун се нашла под германска власт за време на т.н. „освојување на Африка“ кон крајот на 19 век. Германскиот протекторат започнал во 1884 година со договор со локалните началници во областа Дуала и постепено се проширил и во внатрешноста[1]. Во 1911 година, Франција отстапила делови од нејзината територија на Германски Камерун, како резултат на Втората мароканска криза, и новата територија била позната како Нов Камерун. За време на Првата светска војна, германскиот протекторат бил окупиран од британски и француски војници, а подоцна и секоја земја од страна на Лигата на народите во 1922 година. Во овој период земјата била поделена и позната како Британски Камерун и Француски Камерун. По Втората светска војна, територијата паднала под мандат на ООН. Востанието што го предводил Рубен Ум Ниобе со Сојузот на народите на Камерун избувнало во 1955 година. Камерун станала независна земја во јануари 1960 година, а во октомври 1961 година јужниот дел на Британски Камеруни се приклучил кон формирањето на Сојузна Република Камерун. Муслиманскиот северен дел од Камерун се одлучил за обединување со Нигерија во мај истата година. Конфликтот траел до 1970-тите години.

Меѓувоен период уреди

По Првата светска војна, Камерун не бил интегриран во Француска Екваторска Африка, туку според францускиот мандат бил основан Комесаријат на Демократската Република. Франција вовела асимилаторска политика со цел да се заборави германското присуство, со учење на француски на целата територија и наметнување на францускиот закон. Колонијалната администрација, исто така, ги следеше јавните здравствени политики преку поттикнување на франкофонијата. Францускиот расизам набргу се проширил низ колонијата, по кое следувало антифранцуското движење кое зајакнало кон крајот на 1940-тите.

Во 1940 година, Француски Камерун се приклучил на Слободна Франција.

Поствоен период уреди

По Втората светска војна, Камерун станал територија на Обединетите нации и бил вклучен во Француската унија. Од почетокот на 1940-тите, колонијалните власти ја поттикнале политиката на диверзификација на земјоделството во монокултурни култури. Кафето се произведувало на запад додека памукот на југ. Во текот на овој период започнал и изградба на инфраструктура. Од вкупно три милиони жители, 10% биле доселеници, а 15.000 лица биле поврзани со колонијалната администрација (државни службеници, приватни агенти, мисионери итн.[2]).

Во 1946 година било формирано претставничко собрание на Камерун, а во Француското собрание од Камерун биле избрани две лица. Некои приватни и јавни училишта исто така биле отворени, додека најдобрите студенти биле испраќани во Дакар (Сенегал) или Франција да студираат на колеџ. Колонијалната администрација, исто така изградила инфраструктура за електрична енергија и вода во големите градови. Во 1952 година, Претставничкото собрание станало Територијално собрание на Камерун.

Сојузот на народите на Камерун била антиколонијалистичка партија создадена во 1948 година и се борела за обединување на Камерунците и за независност. Во 1955 година партијата била забранета. По забраната избувнала колонијална војна која траела повеќе од седум години.

Граѓанска војна уреди

Во 1957-58 година, Пјер Месмер, галист и шеф на високиот комесар на Камерун (извршна власт на француската влада), започнал процес на деколонизација. Во исто време, Четвртата Француска Република била заглавена во Алжирската војна (1954-62).

Франција доделила внатрешна автономија во 1956 година. Андре Мари Ббида станал премиер во 1957 година, а Ахмаду Ахиџо заменик-премиер. И покрај барањата на Рубем Ум Ниобе, водач на Сојузот на народите на Камерун, новата влада одбила да ја легализира партијата. Андре Бдида се откажал од функцијата во 1958 година и бил заменет со Ахиџо, додека Рубен бил убиен од француски командант на 13 септември 1958 година. По неговата смрт партијата се поделила помеѓу внатрешни франкции, но поголем замав добила радиканлната марксистичка група. Започнувајќи од 1959 година, колонијалната војна се споила со граѓанската војна. Востанието продолжило и по добивањето на независноста, иако СНК била официјално растурена. Побуната била уништена само во 1970-тите. Проценките за бројот на жртвите на војната се движат од околу неколку десетици илјади смртни случаи, главно по независноста. Војната вклучувала злоупотреби на човековите права од страна на милитантите и трупите на Камерун и Франција[2][2][3].

Камерун станал независен на 1 јануари 1960 година, но Граѓанската војна продолжила.

Наводи уреди

  1. Encyclopædia Britannica, 1910 edition, Volume 5, p 112 (Cameroon article)
  2. 2,0 2,1 2,2 Marc Michel, "La guerre oubliée du Cameroun", in L'Histoire n°318, March 2007, pp.50-53
  3. Johnson, Willard R. 1970. The Cameroon Federation; political integration in a fragmentary society. Princeton: Princeton University Press.

Надворешни врски уреди