Јанис Спанос
Јоаниз „Јанис“ Спанос (грчки: Ιωάννης "Γιάννης" Σπανός; 26 јули 1934 – 30 октомври 2019 година)[1] ― грчки музички композитор и текстописец. Во раните денови како музичар, тој бил и придружник на пијано. Спанос ја добил музичката награда на Солунскиот филмски фестивал во 1971 година за компонирањето на партитурата на филмот Тоа лето.[2]
Јанис Спанос | |
---|---|
Јанис Спанос, концерт во Ермуполис, остров Сира, 20 август 2017 година | |
Животописни податоци | |
Родено име | Јоаниз Спанос |
Роден(а) | 26 јули 1934 Кијато, Грчка Република |
Починал(а) | 30 октомври 2019 Кијато, Грција | (возр. 85)
Жанрови | Нов бран, ентехно, лаико |
Занимања | Композитор, текстописец, пијанист |
Инструменти | Пијано |
Период на активност | 1961–2019 |
Животопис
уредиСпанос е роден во Кијато во 1934 година.[3] Неговиот татко бил стоматолог. Спанос бил под влијание на студиите по пијано на неговата сестра и се преселил во Атина на 17-годишна возраст за да студира во Националниот Одеум каде научил да свири на пијано. Неговиот татко сакал тој да стане научник, па затоа спонзорирал годишно патување низ Европа; Спанос живеел кратко во Италија, СР Германија и Обединетото Кралство, на крајот дошол во Париз, Франција, каде што на крајот се преселил трајно во 1961 година.[4][5][6]
Во Париз работел на уметничката сцена во Рив Гош како придружник на пијано.[7][8][9] Тој таму придружувал многу француски уметници како Кора Вокер, Серж Генсбур, Беатрис Арнак и Жулиет Греко. Токму во Париз и на француски ги напишал своите први песни; пример е песната Sidonie која била отпеана од Брижит Бардо во филмот Приватен живот.
Кога на крајот се вратил во Грција, тој бил клучен во создавањето на грчкиот жанр Нов бран. Тој продолжил да компонира музика, вклучувајќи музика за филмови; неговите песни се испеани од многу грчки пејачи, вклучувајќи ги Кети Хомата, Арлета, Јанис Пулопулос и Димитрис Митропанос.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Greek music composer Spanos dies at 85 | eKathimerini.com“. www.ekathimerini.com.
- ↑ „12o Φεστιβάλ Ελληνικού Κινηματογράφου (Βραβεία 1971)“. Солунски филмски фестивал. Архивирано од изворникот на 24 јуни 2016. Посетено на Ekeino to kalokairi. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ Πέθανε ο Γιάννης Σπανός (грчки). Proto Thema. 31 октомври 2019. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Ο Γιάννης Σπανός στα χρόνια του Παρισιού (грчки). musicpaper.gr. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Γιάννης Σπανός: Οι συνεντεύξεις μου είναι τα τραγούδια μου (грчки). To Vima. 22 јули 2012. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Γιάννης Σπανός (грчки). mucicheaven.gr. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Γιάννης Σπανός – Άμεσος, ευαίσθητος, πρωτότυπος (ΑΦΙΕΡΩΜΑ) (грчки). ogdoo.gr. Архивирано од изворникот на 2014-03-26. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Γιάννης Σπανός, "…Πλησιάζοντας τον Καβάφη…", 2013 (грчки). poiein.gr. 25 октомври 2013. Посетено на 27 февруари 2022.
- ↑ Γιάννης Σπανός, «Με ενοχλεί η ιδέα του έντεχνου, το τραγούδι είναι ένα» (грчки). simplylife.gr. Архивирано од изворникот на 2022-02-26. Посетено на 27 февруари 2022.
Надворешни врски
уреди- Јанис Спанос на Семрежната филмска база на податоци (англиски)