Јанис Виљоглу, наречен Рамналис, (грчки: Γιάννης Ράμναλης Βίλιογλου) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропагнада и учесник во Борбата за Македонија.

Јанис Рамналис
Роден 1885
Равна, Кукушко
Починал 1923
Лагадина

Животопис

уреди

Рамналис е роден во македонско патријаршиско семејство од селото Равна, кое се наоѓа меѓу Кукушко, Серско и Лагадинско, тошаш во Османлиското Царство, денес Исома, Грција.

Уште како многу млад и се придружил на грчката вооружена пропаганда и се присоединил на андартска чета, земајќи учество во Борбата за Македонија. Со четата на Сакеларопуло ги обиколувал Лагадинско, Богданска Планина и Халкидик.

Од 1905 година почнал да раководи сопствена чета, обиколувајќи го истиот реон, подпомаган од Христос Дремлис.

По Младотурската револуција се ставил на услуга на новата турска власт, но подоцна бил протеран.

Во периодот меѓу 1909-1912 година се школувал во Атина, а по започнувањето на Првата балканска војна формирал нова чета, дејствувајќи на Халкидик попречувајќи бугарската армија во нејзиното настапување кон Солун. Во околината на црквата Света Софија, Раманлис со својата чета успеал да убие и рани голем број на бугарски војници.

Во текот на Втората балканска војна четата на Раманлис влегува прва во Лагадинско по повлекувањето на бугарската армија [1].

По војните Раманлис живеел во Лагадина работејќи како мелничар, а во 1923 година бил убиен од еден крадец. Посмртно го добил чинот втор поручник, а во 1966 година новите грчки власти во Лагадина подигнале негов споменик [2].

Галерија

уреди

Извори

уреди
  1. „Равна на сайта на Дем Круша“. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2011-01-27.
  2. Кратка биография на Янис Рамналис[мртва врска]