Јанис Папајоану (грчки: Γιάννης Παπαϊωάννου ; 18 јануари 1914 – 3 август 1972 година) ― познат грчки музичар и композитор роден во Киос (сега Гемлик), Отоманската Империја. Најактивен во 1940-тите, тој напишал многу песни, од кои некои денес се сметаат за класици на народниот музички стил ребетико. Тие вклучуваат: Πέντε Έλληνες Στον Άδη (изг.: Пенте Елинес стон Ади; букв.: Петмина Грци во Адот), Καπετάν Αντρέα Ζέππο (Капетан Андреа Зепо), Μόδιστρούλα (изг.: Модиструла; букв.: Модистрола), Πριν Το Χάραμα Μοναχός (изг.: Прин ти харама монахос; букв.: Монах пред зората) и Φοβάμαι Μη Σε Χάσω (изг.: Фовамај ми се хасо; букв.: Се плашам дека ќе те изгубам). Неговиот стил задржува голем дел од музичкиот квалитет на класичната ребетика на Маркос Вамвакарис, иако тематската содржина на стиховите има тенденција да не се насочува толку многу на вообичаено мрачните теми - дрогата, смртта и затворот - на раната ребетика.

Јанис Папајоану
Роден(а)18 јануари 1914
Киос, Отоманска Империја
ПотеклоГрк
Починал(а)3 август 1972(1972-08-03) (возр. 58)
Перама, Пиреја, Кралство Грција
ЖанровиРебетико, народна музика
ЗанимањаМузичар, композитор, текстописец
ИнструментиВокал, Бузуки

Починал во Атина на 3 август 1972 година во сообраќајна несреќа и бил погребан на гробиштата во Калитеа, југозападно од Атина во близина на областа Ѕиѕифис во јужна Калитеа, каде што тој, како и многу други ребетико и лаико музичари, често настапувал.[1]

Наводи

уреди
  1. Periphery: Attica Архивирано на {{{2}}}. A description of Athens and its prominent citizens.

Извори

уреди