Јавор (планина)
Јавор е планина во југозападна Србија. Се наоѓа на патотИвањица — Сјеница,[1] на тромеѓето помеѓу општините Нова Варош, Ивањица и Сјеница.[2]
Јавор | |
---|---|
Спомен гробишта на Јавор | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.519 м |
Географија | |
Јавор на карта | |
Место | Србија |
Матичен венец | Динариди |
Највисока точка на планината Јавор е Василин Врв со 1.519 метри надморска височина. Во подножјето на планината Јавор се наоѓа рекатаУвац, која се влева во реката Лим.
Има динарски правец на протегање. Обрасната е со листопадна (букова) шума, додека од јужната страна растат четинари. Има многу пасишта, извори и потоци, а можат да се најдат и различни шумски плодови. Сите реки од овој крај се одликуваат со бистра, чиста вода, со богат рибен фонд, особено со поточна пастрмка. На планината владее умерена планинска клима.[2]
Јавор е историска планина, на неа се водени борби и војни во 1804, 1876—1878 и 1912 година. Сè до балканската војна во (1912) година тука се наоѓала српско-турската граница[1][3], а дуго је и превој Јавор био миграциони канал за људе који су селили из црногорских брда, даље у Србију [4][5]. На Кушиќи, во подножјето на планината Караѓорѓе од 1806—1809, со своите востаници градел силни утврдувања и ровови[2], кои сè уште се препознаваат и денес ги нарекуваат Караѓорѓеви ровови[6]. На возвишението над поранешната царинарница се наоѓа споменик на голем јунак од Јаворовата војна од (1876—1878) на мајор Михаило Илиќ, по кој го носи името Основното училиште Кушиќи. Покрај споменикот се наоќаат гробиштата на српските војници, кои загинале на Калипоље.[2]
Постојат голем број на народни песни кои ја опејувале планината Јавор. Една од најпознатите народни-музички дела, кои ја опејуваат оваа планина се: „Ој ливадо росна траво Јаворе“ и „Под Јавором село што је“.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Србија знаменитости и лепоте, група аутора, Књижевни преглед, Београд 1965
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Кушићи: Јавор Архивирано на 3 декември 2012 г., Посетено на 2. 2. 2013.
- ↑ Селимовић, Салих (2018). Да будемо оно што јесмо, pp. 171., 176., 187. Београд: Српска радикална странка.
- ↑ Селимовић, Салих (2017). Рашка или Санџак, pp. 38. Београд: Српска радикална странка.
- ↑ Гугл мапе, планина Јавор.
- ↑ Кушићи: Историјат Архивирано на 29 ноември 2012 г., Посетено на 3. 2. 2013.
Литература
уреди- Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно
|title=
(help) - Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)