Јавно погубување

(Пренасочено од Јавна егзекуција)

Јавното погубување — форма на смртна казна на која „членовите на пошироката јавност можат доброволно да присуствуваат“.[1] Оваа дефиниција го исклучува присуството на само мал број сведоци повикани да ја осигураат извршната одговорност.[2] Историската цел на ваквите прикази била да ги одвратат поединците од спротивставување на властите или законите. Присуството на вакви настани било историски охрабрувано, а понекогаш дури и задолжително.

Execution of Louis XVI
Погубување на Луј XVI, бакарна гравура, 1793 година

Иако денес повеќето земји ги гледаат јавните погубувања со одвратност, тие биле речиси насекаде практикувани во одреден период од историјата.[3] Во многу моменти во минатото, јавните егзекуции биле попреферирани отколку егзекуциите зад затворени врати поради нивниот капацитет за одвраќање.[4] Сепак, вистинската ефикасност на оваа форма на терор е спорна.[5] Тие, исто така, им овозможувале на осудените можност да го одржат нивниот последнен говор, ова дало шанса на државата да ја покаже својата моќ пред оние што потпаѓале во нејзината јурисдикција и на јавноста и доделила нешто што се сметало за голем спектакл.[6] Јавните погубувања и дозволиле на државата да ја прикаже својата супериорност над политичките противници.[6][4]

Историја

уреди

Античкиот свет

уреди
 
Распнувањето на Исус, прикажано од Џејмс Тисо

Луѓето биле распнати во античка Македонија, Персија, Ерусалим, Феникија, Рим и Картагина.[7]

Кина

уреди

Јавните егзекуции биле вообичаени појави во Кина барем од времето на династијата Танг.

Средновековен ислам

уреди

Постојат извештаи за јавни егзекуции во раниот ислам.[8]

Средновековна Европа

уреди

Документираните јавни егзекуции датираат од доцниот средновековен период, а врвот го достигнале во доцниот шеснаесетти век.[3] Овој врв делумно се должи на судењата врз вештерки од раниот модерен период. Во доцниот среден век, џелатите користеле сè побрутални методи дизајнирани да нанесат болка на жртвата додека е жива и да создадат спектакл со цел да ги одвратат другите од извршување на злосторства. Суровоста на начинот на погубување (вклучувајќи го и износот на измачување на жртвите пред вистинското погубување) исто така била повеќе или помалку екстремна во зависност од самото кривично дело.[9] Казните честопати се повикувале на моќта на „прочистувањето“ на земјата (закопување), водата (давење) и огнот (горење жив). Жртвите, исто така, биле обезглавени, распарчени, обесени и тепани.[10] Телата или деловите од телата честопати биле изложени на јавни места, а властите се труделе да обезбедат посмртните остатоци да останат видливи што е можно подолго.[11][3]

Сепак, смртната казна не се користела во сите делови на Европа. Владимир Велики ја укинал смртната казна во Киевска Русија по неговото преобраќање во христијанство во 988 година.

Модерна Европа

уреди

Во текот на седумнаесеттиот век, употребата на предсмртна тортура се намалила; наместо тоа, телата биле осквернавени по смртта за прикажувачки причини.[3] До почетокот на осумнаесеттиот век, бројот на смртни казни во Западна Европа опаднал за околу 85% во однос на претходниот век, бидејќи правниот систем се префрлил кон оној кој ги зема во предвид човековите права, како и порационален пристап кон кривичната правда кој се фокусирал на идентификување на најдобрите методи за одвраќање.[3] [12] Сепак, имало неколку оживувања во текот на осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век, особено за време на социјалните немири.[3] Егзекуциите биле осудени од просветителските мислители од осумнаесеттиот век како Џереми Бентам и Чезаре Бекарија.[13] Просветителските мислители не биле универзално против јавните егзекуции - многу анатомисти сметале дека егзекуциите се корисни затоа што обезбедувале здрави делови од телото за проучување и експериментирање.[14] Луѓето, исто така, сметале дека постморталната тортура (која обично била дел од јавна егзекуција) била непочитување кон мртвите и верувале дека тоа може да ја спречи жртвата да влезе во рајот.[15][3]

 
Јавно гаротирање на 23-годишната Хуан Олива Монкуси, на 4 јануари 1879 година во Кампо де Гвардијас во Мадрид, поради обид за атентат на кралот на Шпанија Алфонсо XII.

Првото модерно укинување на смртната казна било во Тоскана во 1786 година.

Во Европа, во 19-тиот и почетокот на 20-тиот век се помалку се практикувал спектаклот на јавната смртна казна и се префрлиле кон приватни егзекуции и лишување од слобода (на пр. затворање, условна казна, општествено корисна работа, итн.).[16] Ова се совпаднала со општата тенденција да се заштити целата смрт од очите на јавноста.[17]

Во Велика Британија, 1801 година се случило последното јавно погубување на ридот Тајбурн, по што сите егзекуции во Јорк се случиле во ѕидовите на замокот Јорк (но сепак јавно), така што „влезот во градот не треба да се вознемирува со влечење криминалци низ улици“.[18] Во Лондон, осудените на смрт во Олд Бејли останувале во затворот Њугејт и чекале да им биде извршена пресудата на улица. Како и во Тајбурн, толпата што доаѓала да гледа продолжила да биде голема и непослушна. Последното јавно погубување во Велика Британија се случило во 1868 година,[16] по што смртните казни биле извршени во приватноста на затворите.

Во Франција, властите продолжиле со јавните егзекуции до 1939 година.[16] Егзекуциите станале приватни откако се појавил таен филм за смртта на серискиот убиец Еуген Вајдман со гилотина и го скандализирал процесот. Се појавиле вознемирувачки извештаи за гледачите кои ја впивале крвта на Вајдман во партали за сувенири, а како одговор претседателот Алберт Лебрун забранил јавни егзекуции во Франција поради „промовирање на пониски инстинкти на човечката природа“.[19]

Нацистичка Германија користела јавна егзекуција со бесење, пукање и обезглавување.[20]

Соединети Држави

уреди

Последното јавно погубување во САД се случило во 1936 година. [16] Како и во Европа, практиката на егзекуција била преместена во приватноста на коморите. Гледањето останувало достапно за оние кои биле поврзани со лицето што се погубувало, семејствата на жртвите, а понекогаш и новинари.

Френсис Ларсон напишала во нејзината книга од 2014 година Отсечено: Историја на изгубени глави и пронајдени глави:

„Додека имаше јавни егзекуции, имаше толпи да ги видат. Во Лондон на почетокот на 19 век, можеби имаше 5.000 гледачи да гледаат стандардно бесење, но толпи до 100.000 гледачи доаѓаа да видат убиен познат криминалец. Бројките речиси не се променија со текот на годините, околу 20.000 гледачи го гледаа Рејни Бетеакако виси во 1936 година, што испадна дека е последното јавно погубување во САД“ [21]

Модерно време

уреди
 
Јавното бесење на убиецот Али Мохамадзаде во Иран во 2013 година

Повеќето земји целосно ја укинале смртната казна, или во закон или во пракса.[22]

Според Амнести интернешенал, во 2012 година „се знаело дека биле извршени јавни погубувања во Иран, Северна Кореја, Саудиска Арабија и Сомалија“.[23] Амнести интернешенал не ги вклучува Сирија, Авганистан и Јемен во нивната листа на земји што јавно погубуваат, но има извештаи за јавни егзекуции извршени таму од државни и недржавни актери, како што е ИСИЛ. [24][25][26] Кувајт понекогаш погубувал луѓе на јавно место. Затворениците се одведени на бесилка и откако високо рангиран полициски службеник ќе го даде потпишаниот налог, затворениците се обесени.[27]

Во САД, членовите на јавноста можат да го посетат затворот каде што треба да се изврши погубување.[28]

Привремениот заменик директор на Амнести интернешенал за Блискиот Исток и Северна Африка, Равја Раге, го критикувал кувајтското погубување на пет лица, вклучително и едно за дело поврзано со дрога, како враќање на егзекуциите со „енергичност“, повикувајќи на воспоставување мораториум на егзекуциите, кон укинување на смртната казна. Егзекуциите биле објавени на 27 јули 2023 година, по пауза од пет години, почнувајќи од 2017 година.[29]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Hood, Roger. „Capital punishment“. Encyclopedia Britannica. Encyclopedia Britannica, Inc. Посетено на 3 October 2018.
  2. Blum, Steven A. (Winter 1992). „Public Executions: Understand the "Cruel and Unusual Punishments" Clause“ (PDF). Hastings Constitutional Law Quarterly. 19 (2): 415. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-03-26.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Ward, Richard (2015), Ward, Richard (уред.), „Introduction: A Global History of Execution and the Criminal Corpse“, A Global History of Execution and the Criminal Corpse, Wellcome Trust–Funded Monographs and Book Chapters, Basingstoke (UK): Palgrave Macmillan, ISBN 978-1-137-44401-1, PMID 27559562, Посетено на 2022-09-19
  4. 4,0 4,1 Garland, David. Meranze, Michael. McGowen, Randall (2011). America's death penalty : between past and present. New York University Press. ISBN 978-0-8147-3266-3. OCLC 630468201.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  5. McKenzie, Andrea Katherine (2007). Tyburn's martyrs : execution in England, 1675-1775. Hambledon Continuum. ISBN 978-1-84725-171-8. OCLC 255621799.
  6. 6,0 6,1 Cawthorne, Nigel (2006). Public Executions: From Ancient Rome to the Present Day. Chartwell Books. стр. 6–7. ISBN 978-0-7858-2119-9.
  7. Plutarch (1916). „Lives. Fabius Maximus“. doi:10.4159/dlcl.plutarch-lives_fabius_maximus.1916. Посетено на 2022-09-19. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. „Welcome to Encyclopaedia Iranica“. iranicaonline.org (англиски). Посетено на 2022-09-19.
  9. Royer, Katherine (2015-10-06). The English Execution Narrative, 1200–1700. doi:10.4324/9781315654676. ISBN 9781317319788.
  10. van., Dülmen, Richard (1991). Theatre of horror : crime and punishment in early modern Germany. Basil Blackwell. ISBN 0-7456-0616-4. OCLC 229423501.
  11. Ruff, Julius R.; Spierenburg, Pieter (June 1986). „The Spectacle of Suffering: Executions and the Evolution of Repression; From a Preindustrial Metropolis to the European Experience“. The American Historical Review. 91 (3): 652. doi:10.2307/1869169. ISSN 0002-8762. JSTOR 1869169.
  12. Maestro, Marcello (1973). „A Pioneer for the Abolition of Capital Punishment: Cesare Beccaria“. Journal of the History of Ideas. 34 (3): 463–468. doi:10.2307/2708966. ISSN 0022-5037. JSTOR 2708966.
  13. Bedau, Hugo (1983-01-01). „Bentham's Utilitarian Critique of the Death Penalty“. Journal of Criminal Law and Criminology. 74 (3): 1033–1065. doi:10.2307/1143143. JSTOR 1143143.
  14. Marland, Hilary; Richardson, Ruth (February 1990). „Death, Dissection, and the Destitute“. The American Historical Review. 95 (1): 119–120. doi:10.2307/2163011. ISSN 0002-8762. JSTOR 2163011. PMC 5379396.
  15. BANNER, STUART (2009-06-30). The Death Penalty. Harvard University Press. doi:10.2307/j.ctvjght8w. ISBN 978-0-674-02051-1.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 William J. Chambliss (2011). Corrections. SAGE Publications. стр. 4–5. ISBN 978-1452266435.
  17. Chambliss, William J. (2011-05-03). Corrections (англиски). SAGE Publications. ISBN 978-1-4522-6643-5.
  18. „Executions in York: History of York“. www.historyofyork.org.uk. Посетено на 2020-04-13.
  19. Steiker, Carol S.; Steiker, Jordan M. (2019). Comparative Capital Punishment (англиски). Edward Elgar Publishing. стр. 167. ISBN 978-1-78643-325-1.
  20. Dandō, Shigemitsu (1997). The Criminal Law of Japan: The General Part (англиски). F.B. Rothman. ISBN 978-0-8377-0653-5.
  21. Larson, Frances (November 2014). „Very Short Book Excerpt: The Allure of Execution“. The Atlantic (This passage was adapted from the book 'Severed: A History of Heads Lost and Heads Found.'). стр. 27.
  22. Tonry, Michael H. (2000). The Handbook of Crime & Punishment (англиски). Oxford University Press. ISBN 978-0-19-514060-6.
  23. Rogers, Simon; Chalabi, Mona (2013-12-13). „Death penalty statistics, country by country“. The Guardian. Посетено на 2015-12-13.
  24. „ISIS extremist reportedly kills his mother in public execution in Syria“. Fox News. 2016-01-08. Посетено на 2016-05-30.
  25. „ISIS Fast Facts“. Cable News Network. Turner Broadcasting System, Inc. 3 September 2018. Посетено на 9 October 2018.
  26. „Video: Taliban shoot woman 9 times in public execution as men cheer“. CNN. 2012-07-09. Посетено на 2016-05-30.
  27. „Kuwait executes three for murder (WARNING GRAPHIC IMAGES)“. Посетено на 2024-02-08.
  28. Cameron, Claire (2020-12-12). 'There's nothing to prepare you': what it's like to witness an execution“. the Guardian (англиски). Посетено на 2022-12-02.
  29. „Kuwait: Five hanged as Kuwait continues execution spree into second year“. Amnesty International (англиски). 2023-07-28. Посетено на 2023-07-31.