Јаблановски Планини

планински венец во југоисточна Русија

Јаблановски Планини (руски: Яблоновый хребет) — планински венец во Забајкалието (претежно во Читинската област) во Русија.

Јаблановски Пл. во рамките на Русија
Јаблановски Пл.
Местоположба на Јаблановските Планини во Русија

Венецот се протега на североисток од Монголија, минувајќи недалеку од Бајкалското Езеро. Долг е 1.600 км и завршува во Становојските Планини. Образува делница помеѓу реките од сливот на Северноледениот Океан и оние од тихоокеанскиот слив. Планините не се особено високи и големи, туку долги и тенки. Највисока е Сохондо (2.500 м). Геолошкиот состав на венецот е претежно се состои од гранит, кристален шкрилец и песочник. Падините се обраснати со ариш и, на места, со тајги од ела и сребрена ела. Јужните падини имаат доста борови шуми. Растителноста на надморска височина преку 1.200-1.400 м е од типот планинска тундра.

Подрачјето е ретко населено, со исклучок на местата околу рудниците. Планините се особено богати со наоѓалишта на калај. Напоредно на венецот се протега Транссибирската железница, која ги одминува кај Чита, а потоа ги заобиколува повисоките предели низ тунел.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Јаблановски Планини“. Farlex. Посетено на 30 јануари 2013. (англиски)

52°03′N 113°35′E / 52.050° СГШ; 113.583° ИГД / 52.050; 113.583