Јаблановски Планини
Јаблановски Планини (руски: Яблоновый хребет) — планински венец во Забајкалието (претежно во Читинската област) во Русија.
Венецот се протега на североисток од Монголија, минувајќи недалеку од Бајкалското Езеро. Долг е 1.600 км и завршува во Становојските Планини. Образува делница помеѓу реките од сливот на Северноледениот Океан и оние од тихоокеанскиот слив. Планините не се особено високи и големи, туку долги и тенки. Највисока е Сохондо (2.500 м). Геолошкиот состав на венецот е претежно се состои од гранит, кристален шкрилец и песочник. Падините се обраснати со ариш и, на места, со тајги од ела и сребрена ела. Јужните падини имаат доста борови шуми. Растителноста на надморска височина преку 1.200-1.400 м е од типот планинска тундра.
Подрачјето е ретко населено, со исклучок на местата околу рудниците. Планините се особено богати со наоѓалишта на калај. Напоредно на венецот се протега Транссибирската железница, која ги одминува кај Чита, а потоа ги заобиколува повисоките предели низ тунел.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Јаблановски Планини“. Farlex. Посетено на 30 јануари 2013. (англиски)