Смитсонова астрофизичка опсерваторија

научна установа во Кембриџ, Масачусетс, САД

Смитсонова астрофизичка опсерваорија или САО (англиски: Smithsonian Astrophysical Observatory, SAO) — научноистражувачки институт на Смитсоновата установа од САД со седиште во Кембриџ, Масачусетс. Заедно со Харвардската опсерваторија (HCO) го сочинува Харвардско-смитсоновскиот центар за астрофизика (CfA).

Смитсонова астрофизичка опсерваторија
Зградата на САО во Кембриџ, Масачусетс
ОрганизацијаХарвардско-смитсоновски центар за астрофизика
МестоКембриџ, Масачусетс, САД
Основана1890 (1890)
Портал
cfa.harvard.edu/sao/
Карта
Местоположба на САО во Кембриџ, Масачусетс

Историја

уреди

Институтот е основан во 1890 г. од Семјуел Пирпонт Ленгли, трет секретар на друштвото, со намера да се изучува Сонцето.[1] Ленгли денес е позатат како воздухопловен инженер, иако по образование бил астроном — првиот во САД кој почанл да се заниамва со астрофизиката како посебна наука. Меѓу неговите откритија се уредот наречен болометар и инфрацрвеното зрачење на Сонцето.

Во 1955 г. САО е преселен од Вашингтон во академскиот град Кембриџ во Масачусетс, здружувајќи се со Харвардската опсерваторија (HCO). Ова соединување овозможило проширување на кадарот, опремата и делокругот на научната дејност. За директор на САО бил назначен Фред Випл, кој го презел државниот предизвик да создаде светска мрежа за сателитско следење, со што институтот станал предводник во полето на вселенското проучување. Програмите на овие научни установи се одвивале во разни лаборатории, сместени во разни места и земји во светот.[2][3]

Смитсоновата установа соработувала со военото воздухопловдство на проектот „Вселенска патека“, чии сателитски набљудувања од 1957 до 1961 г. довеле до бројни сознанија и податоци за ефемеридите.Во 1973 г. Смитсоновата установа и Харвард ја формализирале својата соработка во заеднички Харвардско-смитсоновскиот центар за астрофизика (CfA).[4]

САО денес

уреди

Денес во CfA работат преку 300 научници, вршејќи разновидни истражувања во полето на астрономијата, астрофизиката, науките за Земјата и вселената, како и на научното образование.

Нашите сознанија за вселената денес во голема мера асе должат за пионерските напори на САО во развојот на кружечки (орбитални) опсерватории и големи земски телескопи, примената на сметачите во решавањето на астрофизички проблеми, интеграцијата на лабораториски мерења, теоретската астрофизика и наодите од набњудување на електромагнетниот спектар.

Во надлежност на САО е и вселенската опсерваторија „Чандра“, со која работат научниците од Кембриџ. Истото важи и за опсерваторијата ММТ, со која САО работи заедно со Универзитетот на Аризона .

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „SAO History“. Посетено на 2015-09-03.
  2. Wright, F. W.; Hodge, P. W. (1965). „The Volcanic Dust Sampling Program of the Smithsonian Astrophysical Observing Stations“. SAO Special Report #172 (1965). 172: 172. Bibcode:1965SAOSR.172.....W.
  3. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  4. „About CfA“. HARVARD & SMITHSONIAN CENTER FOR ASTROPHYSICS. Посетено на 2019-05-29.

Надворешни врски

уреди

42°22′53″N 71°07′42″W / 42.38146° СГШ; 71.12837° ЗГД / 42.38146; -71.12837