Ѕвезда од главната низа од типот F

вид ѕвезда
(Пренасочено од Ѕвезда од класата F)

Ѕвезда од главната низа од типот F (F V) — — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип F и сјајносната класа V. Имаат од маса од 1,0 до 1,4 поголема од Сончевата и површинска температура од 6.000 до 7.600 K.[2]Табели VII and VIII. Овој температурен опсег им дава белузлава нијанса на ѕвездите од типот F кога се гледаат по атмосферата. Бидејќи ѕвезда од главната низа се нарекува џуџе, оваа класа може да се нарече и жолтобело џуџе (сосем различно од белите џуџиња, кои се остаток од ѕвезда). Значајни примери се Прокион A, Гама Девица A и B[3] и KIC 8462852.[4]

Остаточен диск околу HD 181327, ѕвезда од типот F.[1]

Спектрални стандарди

уреди
Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот F[5][6]
Спектрален
тип
Маса (M) Полу-
пречник
(R)
Сјајност (L) Делотворна
температура

(K)
Боен
показател

(B − V)
F0V 1,61 1,728 7,24 7.220 0,30
F1V 1,50 1,679 6,17 7.020 0,33
F2V 1,46 1,622 5,13 6.820 0,37
F3V 1,44 1,578 4,68 6.750 0,39
F4V 1,38 1,533 4,17 6.670 0,41
F5V 1,33 1,473 3,63 6.550 0,44
F6V 1,25 1,359 2,69 6.350 0,49
F7V 1,21 1,324 2,45 6.280 0,50
F8V 1,18 1,221 1,95 6.180 0,53
F9V 1,13 1,167 1,66 6.050 0,56

Системот на преработениот Јерксов атлас (Џонсон и Морган 1953) наведува дуста решетка од стандардни ѕвезди за џуџиња од типот F; меѓутоа, не сите опстанале до денес како стандарди.[7]

Стожерите на класификацијата на MK-системот меѓу ѕвездите од главната низа од типот F (оние непроменети низ годиние кои го определуваат системот) се 78 Голема Мечка (F2 V) и Пи3 Орион (F6 V).[8] Покрај овие два стандардна, Морган и КИнан (1973) ги вклучиле и овие стандардни ѕвезди: HR 1279 (F3 V), HD 27524 (F5 V), HD 27808 (F8 V), HD 27383 (F9 V) и Бета Девица (F9 V).[9]

Други важни стандардни ѕвезди од MK-системот се HD 23585 (F0 V), HD 26015 (F3 V) и HD 27534 (F5 V).[10] Двата члена од Хијадитесо речиси истоветни HD-ознаки (HD 27524 and HD 27534) се сметаат за силни стандарди за F5 V, и имаат речиси иста боја и величина.

Греј и Герисон (1989) даваат современа табела на стандардни џуџиња за поврелите ѕвезди од типот F. F1 и F7 ретко се наведуваат, но малку се имаат изменето со текот на годините во очите на стручњаците.[11] Често користени стандардни ѕвезди од оваа класа се 37 Голема Мечка (F1 V) и Јота Риби (F7 V). Засега не се објавени стандардни ѕвезди за F4 V.

F9 V ја одредува границата помеѓу врелите ѕвезди класификувани од Морган и поладните ѕвезди класификувани од Кинан за еден степен подолу, и постојат несогласувања во литературата за тоа кои ѕвезди ја определуваат границата F/G. Морган и Кинан (1973)[9] ги навеле Бета Девица и HD 27383 како стандарди за F9 V, но Кинан и Мекнил (1989) ја навеле HD 10647 како нивен стандард.[12]

Животен циклус

уреди

Ѕвездите од типот F имаат животен циклус сличен на ѕвездите од типот G. Тие соединуваат вородор и со време растат, претворајќи се во црвен џин кој соединува хелиум наместо водород кога хелиумот ќе се потроши. Откако ќе снема хелиум, тие почнуваат да соединуваат јаглерод. Кога ќе се потроши и јаглеродот, ѕвездите се ослободуваат од надворешните слоеви, создавајќи планетарна маглина, и во средиштето на маглината оставаат врело бело џуџе. Овие ѕвезди остануваат стабилни ~2-4 милијарди години. За споредба, ѕвездите од типот G (какво што е Сонцето) остануваат стабилни ~10 милијарди години.[13]

Планети

уреди

Некои од најблиските ѕвезди од типот F за кои се знае дека имаат планети се Ипсилон Андромеда, Тау Воловар, HD 10647, HD 33564, HD 142, HD 60532 и KOI-3010.

Животопогодност

уреди

Според некои проучувања возможно е планетите што кружат околу ѕвезди од типот F да имаат живот.[14] Се проценува дека животопогодниот појас на релативно врела F0-ѕвезда би се протегал од 2,0 до 3,7 ае и помеѓу 1,1 и 2,2 ае за релативно ладна F8-ѕвезда.[14] Меѓутоа, споредено со ѕвезда од типот G, главните проблеми на можните суштества во ова сценарио би биле посилната светлина и покусиот животен век на матичната ѕвезда.[14]

Ѕвездите од типот F лачат многу посилни облици на светлинска енергиј како УВ-зрачење, што на подолг рок може да биде погубно по ДНК-молекулите.[14] Доколку планетата е оддалечена од ѕвездата колку што е Земјата is од Сонцето и има слична амотсфера, суштествата на површината би биле изложени на 2,5 до 7,1 пати повеќе штетна УВ-светлина.[15] Затоа, за суштествата да опстанат, хипотетичката планета би морала да има доволна атмосферска заштита како погуста озонска обвивка во горната атмосфера.[14] Без силна озонска обвивка, суштенствата веројатно би можеле да живеат само во подводни или подземни средини, или пак ако имаат некаква телесна покривка (на пр. оклоп).[14][16]

Наводи

уреди
  1. „New Insights into Debris Discs“. Посетено на 23 мај 2016.
  2. Habets, G. M. H. J.; Heintze, J. R. W. (ноември 1981). „Empirical bolometric corrections for the main-sequence“. Astronomy and Astrophysics Supplement. 46: 193–237. Bibcode:1981A&AS...46..193H.
  3. SIMBAD, записи за Гама Девица A, Гама Девица B, посет. 19 јуни 2007 г.
  4. „The Curious Case of KIC 8462852“. Sky & Telescope (англиски). 21 октомври 2015. Посетено на 2 мај 2022.
  5. Pecaut, Mark J.; Mamajek, Eric E. (1 септември 2013). „Intrinsic Colors, Temperatures, and Bolometric Corrections of Pre-main-sequence Stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 208 (1): 9. arXiv:1307.2657. Bibcode:2013ApJS..208....9P. doi:10.1088/0067-0049/208/1/9. ISSN 0067-0049. S2CID 119308564.
  6. Mamajek, Eric (2 март 2021). „A Modern Mean Dwarf Stellar Color and Effective Temperature Sequence“. University of Rochester, Department of Physics and Astronomy. Посетено на 5 јули 2021.
  7. Johnson, H. L.; Morgan, W. W. (1953). „Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the revised system of the Yerkes spectral atlas“. The Astrophysical Journal. 117 (3): 313–352. Bibcode:1953ApJ...117..313J. doi:10.1086/145697.
  8. Robert F. Garrison. „MK Anchor Points“. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2019. Посетено на 30 октомври 2022.
  9. 9,0 9,1 Morgan, W. W.; Keenan, P. C. (1973). „Spectral Classification“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 11: 29. Bibcode:1973ARA&A..11...29M. doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333.
  10. Morgan, W. W.; Abt, Helmut A.; Tapscott, J. W. (1978). Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun. Yerkes Observatory, University of Chicago. Bibcode:1978rmsa.book.....M.
  11. Gray, R. O; Garrison, R. F (1989). „The early F-type stars - Refined classification, confrontation with Stromgren photometry, and the effects of rotation“. Astrophysical Journal Supplement Series. 69: 301. Bibcode:1989ApJS...69..301G. doi:10.1086/191315.
  12. Keenan, Philip C.; McNeil, Raymond C. (1989). „The Perkins catalog of revised MK types for the cooler stars“. Astrophysical Journal Supplement Series. 71: 245. Bibcode:1989ApJS...71..245K. doi:10.1086/191373.
  13. Guide, Universe (7 април 2019). „F Type Star (Yellow/White)“. Universe Guide (англиски). Посетено на 3 мај 2022.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Hadhazy, Adam (1 мај 2014). „Could Alien Life Cope with a Hotter, Brighter Star?“. space.com. Посетено на 31 март 2018.
  15. Cuntz, M.; Wang, Zh; Sato, S. (9 март 2015). „Climatological and UV-based Habitability of Possible Exomoons in F-star Systems“. Astronomische Nachrichten (англиски). arXiv:1503.02560. doi:10.1002/asna.201613279. S2CID 118668172.
  16. Sato, S.; Cuntz, M.; Olvera, C. M. Guerra; Jack, D.; Schröder, K.-P. (јули 2014). „Habitability around F-type stars“. International Journal of Astrobiology (англиски). 13 (3): 244–258. arXiv:1312.7431. Bibcode:2014IJAsB..13..244S. doi:10.1017/S1473550414000020. ISSN 1473-5504. S2CID 119101988.