Ѕвезда од главната низа од типот F
Ѕвезда од главната низа од типот F (F V) — — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип F и сјајносната класа V. Имаат од маса од 1,0 до 1,4 поголема од Сончевата и површинска температура од 6.000 до 7.600 K.[2]Табели VII and VIII. Овој температурен опсег им дава белузлава нијанса на ѕвездите од типот F кога се гледаат по атмосферата. Бидејќи ѕвезда од главната низа се нарекува џуџе, оваа класа може да се нарече и жолтобело џуџе (сосем различно од белите џуџиња, кои се остаток од ѕвезда). Значајни примери се Прокион A, Гама Девица A и B[3] и KIC 8462852.[4]
Спектрални стандарди
уредиСпектрален тип |
Маса (M☉) | Полу- пречник (R☉) |
Сјајност (L☉) | Делотворна температура (K) |
Боен показател (B − V) |
---|---|---|---|---|---|
F0V | 1,61 | 1,728 | 7,24 | 7.220 | 0,30 |
F1V | 1,50 | 1,679 | 6,17 | 7.020 | 0,33 |
F2V | 1,46 | 1,622 | 5,13 | 6.820 | 0,37 |
F3V | 1,44 | 1,578 | 4,68 | 6.750 | 0,39 |
F4V | 1,38 | 1,533 | 4,17 | 6.670 | 0,41 |
F5V | 1,33 | 1,473 | 3,63 | 6.550 | 0,44 |
F6V | 1,25 | 1,359 | 2,69 | 6.350 | 0,49 |
F7V | 1,21 | 1,324 | 2,45 | 6.280 | 0,50 |
F8V | 1,18 | 1,221 | 1,95 | 6.180 | 0,53 |
F9V | 1,13 | 1,167 | 1,66 | 6.050 | 0,56 |
Системот на преработениот Јерксов атлас (Џонсон и Морган 1953) наведува дуста решетка од стандардни ѕвезди за џуџиња од типот F; меѓутоа, не сите опстанале до денес како стандарди.[7]
Стожерите на класификацијата на MK-системот меѓу ѕвездите од главната низа од типот F (оние непроменети низ годиние кои го определуваат системот) се 78 Голема Мечка (F2 V) и Пи3 Орион (F6 V).[8] Покрај овие два стандардна, Морган и КИнан (1973) ги вклучиле и овие стандардни ѕвезди: HR 1279 (F3 V), HD 27524 (F5 V), HD 27808 (F8 V), HD 27383 (F9 V) и Бета Девица (F9 V).[9]
Други важни стандардни ѕвезди од MK-системот се HD 23585 (F0 V), HD 26015 (F3 V) и HD 27534 (F5 V).[10] Двата члена од Хијадитесо речиси истоветни HD-ознаки (HD 27524 and HD 27534) се сметаат за силни стандарди за F5 V, и имаат речиси иста боја и величина.
Греј и Герисон (1989) даваат современа табела на стандардни џуџиња за поврелите ѕвезди од типот F. F1 и F7 ретко се наведуваат, но малку се имаат изменето со текот на годините во очите на стручњаците.[11] Често користени стандардни ѕвезди од оваа класа се 37 Голема Мечка (F1 V) и Јота Риби (F7 V). Засега не се објавени стандардни ѕвезди за F4 V.
F9 V ја одредува границата помеѓу врелите ѕвезди класификувани од Морган и поладните ѕвезди класификувани од Кинан за еден степен подолу, и постојат несогласувања во литературата за тоа кои ѕвезди ја определуваат границата F/G. Морган и Кинан (1973)[9] ги навеле Бета Девица и HD 27383 како стандарди за F9 V, но Кинан и Мекнил (1989) ја навеле HD 10647 како нивен стандард.[12]
Животен циклус
уредиЅвездите од типот F имаат животен циклус сличен на ѕвездите од типот G. Тие соединуваат вородор и со време растат, претворајќи се во црвен џин кој соединува хелиум наместо водород кога хелиумот ќе се потроши. Откако ќе снема хелиум, тие почнуваат да соединуваат јаглерод. Кога ќе се потроши и јаглеродот, ѕвездите се ослободуваат од надворешните слоеви, создавајќи планетарна маглина, и во средиштето на маглината оставаат врело бело џуџе. Овие ѕвезди остануваат стабилни ~2-4 милијарди години. За споредба, ѕвездите од типот G (какво што е Сонцето) остануваат стабилни ~10 милијарди години.[13]
Планети
уредиНекои од најблиските ѕвезди од типот F за кои се знае дека имаат планети се Ипсилон Андромеда, Тау Воловар, HD 10647, HD 33564, HD 142, HD 60532 и KOI-3010.
Животопогодност
уредиСпоред некои проучувања возможно е планетите што кружат околу ѕвезди од типот F да имаат живот.[14] Се проценува дека животопогодниот појас на релативно врела F0-ѕвезда би се протегал од 2,0 до 3,7 ае и помеѓу 1,1 и 2,2 ае за релативно ладна F8-ѕвезда.[14] Меѓутоа, споредено со ѕвезда од типот G, главните проблеми на можните суштества во ова сценарио би биле посилната светлина и покусиот животен век на матичната ѕвезда.[14]
Ѕвездите од типот F лачат многу посилни облици на светлинска енергиј како УВ-зрачење, што на подолг рок може да биде погубно по ДНК-молекулите.[14] Доколку планетата е оддалечена од ѕвездата колку што е Земјата is од Сонцето и има слична амотсфера, суштествата на површината би биле изложени на 2,5 до 7,1 пати повеќе штетна УВ-светлина.[15] Затоа, за суштествата да опстанат, хипотетичката планета би морала да има доволна атмосферска заштита како погуста озонска обвивка во горната атмосфера.[14] Без силна озонска обвивка, суштенствата веројатно би можеле да живеат само во подводни или подземни средини, или пак ако имаат некаква телесна покривка (на пр. оклоп).[14][16]
Наводи
уреди- ↑ „New Insights into Debris Discs“. Посетено на 23 мај 2016.
- ↑ Habets, G. M. H. J.; Heintze, J. R. W. (ноември 1981). „Empirical bolometric corrections for the main-sequence“. Astronomy and Astrophysics Supplement. 46: 193–237. Bibcode:1981A&AS...46..193H.
- ↑ SIMBAD, записи за Гама Девица A, Гама Девица B, посет. 19 јуни 2007 г.
- ↑ „The Curious Case of KIC 8462852“. Sky & Telescope (англиски). 21 октомври 2015. Посетено на 2 мај 2022.
- ↑ Pecaut, Mark J.; Mamajek, Eric E. (1 септември 2013). „Intrinsic Colors, Temperatures, and Bolometric Corrections of Pre-main-sequence Stars“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 208 (1): 9. arXiv:1307.2657. Bibcode:2013ApJS..208....9P. doi:10.1088/0067-0049/208/1/9. ISSN 0067-0049. S2CID 119308564.
- ↑ Mamajek, Eric (2 март 2021). „A Modern Mean Dwarf Stellar Color and Effective Temperature Sequence“. University of Rochester, Department of Physics and Astronomy. Посетено на 5 јули 2021.
- ↑ Johnson, H. L.; Morgan, W. W. (1953). „Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the revised system of the Yerkes spectral atlas“. The Astrophysical Journal. 117 (3): 313–352. Bibcode:1953ApJ...117..313J. doi:10.1086/145697.
- ↑ Robert F. Garrison. „MK Anchor Points“. Архивирано од изворникот на 25 јуни 2019. Посетено на 30 октомври 2022.
- ↑ 9,0 9,1 Morgan, W. W.; Keenan, P. C. (1973). „Spectral Classification“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 11: 29. Bibcode:1973ARA&A..11...29M. doi:10.1146/annurev.aa.11.090173.000333.
- ↑ Morgan, W. W.; Abt, Helmut A.; Tapscott, J. W. (1978). Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun. Yerkes Observatory, University of Chicago. Bibcode:1978rmsa.book.....M.
- ↑ Gray, R. O; Garrison, R. F (1989). „The early F-type stars - Refined classification, confrontation with Stromgren photometry, and the effects of rotation“. Astrophysical Journal Supplement Series. 69: 301. Bibcode:1989ApJS...69..301G. doi:10.1086/191315.
- ↑ Keenan, Philip C.; McNeil, Raymond C. (1989). „The Perkins catalog of revised MK types for the cooler stars“. Astrophysical Journal Supplement Series. 71: 245. Bibcode:1989ApJS...71..245K. doi:10.1086/191373.
- ↑ Guide, Universe (7 април 2019). „F Type Star (Yellow/White)“. Universe Guide (англиски). Посетено на 3 мај 2022.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 Hadhazy, Adam (1 мај 2014). „Could Alien Life Cope with a Hotter, Brighter Star?“. space.com. Посетено на 31 март 2018.
- ↑ Cuntz, M.; Wang, Zh; Sato, S. (9 март 2015). „Climatological and UV-based Habitability of Possible Exomoons in F-star Systems“. Astronomische Nachrichten (англиски). arXiv:1503.02560. doi:10.1002/asna.201613279. S2CID 118668172.
- ↑ Sato, S.; Cuntz, M.; Olvera, C. M. Guerra; Jack, D.; Schröder, K.-P. (јули 2014). „Habitability around F-type stars“. International Journal of Astrobiology (англиски). 13 (3): 244–258. arXiv:1312.7431. Bibcode:2014IJAsB..13..244S. doi:10.1017/S1473550414000020. ISSN 1473-5504. S2CID 119101988.