Ѓорѓи Величковски - Мисирче

Ѓорѓи Стојанов Величковски - Мисирче ( 1918 во Старо Нагоричане, Кумановско1944 во Матка, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Уште како ученик во основно училиште пројавил посебна дарба кон учењето, но материјалните услови не му овозможиле да го продолжи во средно училиште. Бил принуден да се насели во Смедерево, каде го изучил фурнаџискиот занает. Окупацијата на Македонија го затекнала во родното село. Во јуни 1944 година директно од нивата каде што жнеел ѝ се приклучил на Третата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против непријателот кај Султан Тепе, Плачковица, Костурино, на планината Круша, во борбите близу Велес и на многу други места. Кон крајот на октомври 1944 година, при заземањето на хидроцентралата Матка, како дел од акциите за ослободување на Скопје, тој храбро загинал.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 181. На |first= му недостасува |last= (help)