Ѓорѓи Аврамчев
Ѓорѓи Аврамчев (? - Скопје, 23 декември 2015) — македонски амбасадор, претседател на Дипломатскиот совет и истакнат член на ЛДП, борец за човекови права.
Ѓорѓи Аврамчев | ||
Роден | ? ? | |
---|---|---|
Починал | 23 декември 2015 Скопје, Македонија | |
Занимање | партизан |
Животопис
уредиАврамчев дипломирал на „Deere“ колеџот во Атина, Грција, 1972-1975, а магистрирал во периодот од 1976-1978 на Northeastern University, Бостон, Масачусетс, САД. Бил докторант на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во минатото извршувал значајни функции како амбасадор и постојан претставник на Македонија во Канцеларијата на Обединетите Нации (ОН) и Светската Трговска Организација (СТО) во Женева, Швајцарија, бил советник во општина Кисела Вода од редовите на ЛДП, советник на министерот за економија и на директорски позиции на повеќе приватни компании. Последна функција која ја извршувал бил главен извршен директор на кошаркарскиот клуб „Работнички“ од Скопје од 2013 до 2015 година. Починал по кратко боледување во Скопје на 23 декември 2015 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Почина амбасадорот Ѓорѓи Аврамчев“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-01-02.