Ѓоре Најдоски
Ѓоре Најдоски (16 октомври 1919 во Стровија, Прилепско — 2 ноември 1944 во Судик, Штипско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПо занимање бил земјоделец. Како активен помагач на Народноослободителната борба, бил откриен и фатен од полицијата, а потоа осуден на 15 години робија. Од затвор успеал да избега и да се приклучи кон ослободителната војска на Македонија, на 9 септември 1944 година. Учествувал во борбите што ги водела Четиринаесеттата македонска ударна бригада.[1]