Убавица (пештера)
Убавица или Ѓоновица[1] — пештера на планината Буковиќ, над стариот пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица.
Убавица | |
---|---|
Поглед кон отворот на пештерата | |
Место | Горна Ѓоновица, Гостиварско |
Координати | 41°42′8.28″N 20°55′7.32″E / 41.7023000° СГШ; 20.9187000° ИГД |
Должина | 1.300 м |
Име
уредиИмето „Убавица“ е дадено поради изразитиот сталагмит во облик на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси[2].Другиот назив на пештерата доаѓа од самата месност, по која се наречени и двете блиски села.
Геморфологија
уредиПештерата е настаната е вдолж раседна линија, во правец север - југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Убавица е ретка со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, ишарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, водопад висок седум метри, пет врела и уште облици и во должина од над петстотини метри[2].
Хидрографија
уредиВо поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. За време на пролетните месеци при топењето на снегот и висок водостој, водите од подземниот водотек се излеваат и истекуваат од пештерата течејќи како силна река и поплавувајќи го патот и околината. Покрај многубројните и разновидните пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10×13 м), во која се наоѓа подземен водопад висок 5 - 6 метри.
Животински свет
уредиПокрај лилјаците, во пештерата е застапен ендемскиот вид Ceuthophilus bukoviki од семејството на пештерските штурци (Rhaphidophoridae).
Галерија
уреди-
Подземниот водотек во внатрешноста на пештерата
-
Поглед од внатрешноста кон отворот на пештерата
-
Лилјаци во внатрешноста на пештерата
-
Во внатрешноста на главниот пештерски ходник
-
Пештерски украси - сталагмити
-
Пештерски облици на таваницата
-
Пештерски облици - столбови
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Група автори (2016). „Буковиќ“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 118. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ 2,0 2,1 Милевски, Ивица (15 септември 2012). „Пештерата Убавица, една од најубавите во Македонија“. ИГЕО портал. Посетено на 3 декември 2018.
Надворешни врски
уреди„Убавица (пештера)“ на Ризницата ? |
- „Убавината на пештерата Ѓоновица“. ИДСБ. 28 април 2016. Архивирано од изворникот на 2019-06-14.
- „Пештерата Убавица во гостиварска Ѓоновица ќе стане туристичка атракција“. ММС. 16 август 2018. Архивирано од изворникот на 2020-10-24.
- „Експедиција – Ѓоновица 2015“. Спелеонуркачки клуб „Врело“. 30 септември 2015.
- Пештера Убавица — Mapio
- Виртуелна прошетка низ Убавица