Статистичкиот округ 'с-Гравеланд во рамките на општината Вијдемерен.

'с-Гравеланд (холандски: s-Graveland) (52°14′N, 5°7′E ) е село во холандската провинција Северна Холандија. Селото е дел од општината Вијдемерен и се наоѓа околу 4 km северозападно од Хилверсум.

Некогашната општина 'с-Гравеланд била споена со Лосдрехт и Недерхорст ден Берг на 1 јануари 2002 и денес ја сочинуваат општината Вијдемерен.

Статистичкиот округ „'с-Гравеланд“, кој го покрива селото и околните месности, брои околу 1180 жители.[1]

Личности

уреди

Селото е родно место на прочуениот клавијатурист Густав Леонхарт.

Наводи

уреди
  1. Статистика Холандија (CBS), Statline: Kerncijfers wijken en buurten 2003-2005 [1] (1 јануари 2005).